Камигин — () — мала островска покраина на Филипините во близина на северниот брег на островот Минданао. Припаѓа на регионот Северен Минданао.

Главен град е Мамбахао и е предпоследна покраина по население и површина. Единствено Батанес е помала покраина. Островот се наоѓа во Бохолско Море на само 10 км северно од покраината Источен Мисамис.

Население и култура Народот на Камигин себеси се нарекува Камигинци (Camiguingnons). Главно занимање им е рибарството и фармерството,со производство претежно на ориз и манго. Главни јазици во покраината се себуанскиот и хилигајнонскиот. Неколкумина зборуваат на кинамигински, кој е древен јазик. Доста од населението зборува и англиски.

Стопанство Најмногу приходи и најзастапено е земјоделието, услугите па индустријата. Следуваат приходите по стопански гранки:

земјоделство: PHP28.027M услужни дејности: PHP64.116M индустрија: PHP1.230M друго: PHP80.888M трговија: PHP21.385M

Вкупно: PHP195.645 M

Административна поделба

Камингвин е поделен на 5 општини.

Катарман Гвинсилибан Махиног Мамбахао Сагај

Надворешни врски Официјално мрежно место на покраинската управа Туристички водич Туризмот преку слики лево|250п|thumb|Главноит град Мамбахао лево|250п|thumb|Покраината се нарекува и Бел Остров

Категорија:Покраини на Филипините Категорија:Држави и територии настанати во 1966 година Категорија:Северен Минданао