мини|десно|300п|Поглед кон Метеора Метеора (грчки: Μετέωρα) е регион во Грција, каде се наоѓаат седум манастири. Овие манастири се наоѓаат на 400 метри надморска височина над Тесалиската Низина во Централна Грција, 70 км западно од Лариса. Метеора се сместени на 240 км југозападно од Солун по патот Солун-Катерина-Лариса-Трикала-Панаја. Од седумте манастири, шест се отворени за посетителите. Скалните пештери на Метеора биле населени уште од 11 век од страна на христијаните. Во минатото, во овој комплекс постоеле дваесет и четири манастири. Метеора се под заштита на УНЕСКО.

Поврзано Манастир „Св. Никола Успокоител“ Список на светско културно и природно наследство на УНЕСКО

Категорија:Каламбака Категорија:Светско наследство во Грција Категорија:Манастири во Грција