Тодор Гечевски (роден на во Кавадарци) — македонски поранешен кошаркар, член на Македонската кошаркарска репрезентација и поранешен директор на Кошаркарската федерација на Македонија. Тој бил прогласен за најдобар македонски интернационалец од 2005 до 2009 година, како и најдобар домашен играч за 2012 година. Гечевски играл на позицијата центар.

Професионална кариера Клупска кариера Тодор Гечевски бил откриен од страна на Димитар Пецов, популарниот „професор“ од Кавадарци од чија „работилница“ излегоа и Врбица Стефанов, Ристе Стефанов и Горан Самарџиев. Во Гечевски тој виде кошаркарски „бисер“ и реши да му даде шанса да дебитира во првиот тим на КК Тиквеш на само 16 години. Центарот во редовите на Тиквеш настапувал четири години и се изгради како кошаркар.

Гечевски потоа заминал во Никол ферт каде за првпат станал првак во македонското првенство 1999/00. Заедно со Никол Ферт, Гечевски го освоил и Суперкупот на Македонија 2000. Но таму не ја завршил сезоната 2000/01, бидејќи на полусезоната се преселил во МЗТ, станувајќи вицепрвак во Првенството. За сезоната 2001/02, Гечевски се вратил Никол Ферт при што го освоил Купот на Македонија. За сезоната 2002/03, тој настапувал во италијански Аир Авелино. За следната сезона, Гечевски првата полусезона ја поминал во германски Хаген, кога потоа преминал во Фершпед Работнички и ја освоил двојната круна.

Најголемиот успех на клупски план Тоше го изградил во хрватски Задар, каде настапувал од 2004 до 2009 година и освоил вкупно пет трофеи. Воедно, поради добрите игри во хрватскиот тим Гечевски се нашол и во идеалниот тим на Еврокупот во сезоната 2008/09. Благодарение на добрите игри на Гечевски, Задар дошол до прва титула по 19 годишна пауза. По Хрватска, за центарот следел двосезонски настап за грчки ПАОК.

Потоа Гечевски се вратил во Македонија, поточно во редовите на МЗТ Аеродром, во чиј дрес настапувал кога клубот ја испиша својата најголема историја. Како „штрк“ Гечевски трипати ја освоил двојната круна во македонското првенство и воедно со првите сезони на тимот во АБА-лигата дојде до историја во регионалното натпреварување - најдобар скокач на сите времиња (1.314 скока), како и играч со најмногу индекс-бодови во АБА (3.212). Последната играчка сезона во кариерата Гечевски ја мина во најтрофејниот македонски клуб, екипата на Работнички, притоа повторно освојувајќи го Купот на Македонија 2015. Во февруари 2015 година, Македонската Кошаркарска Федерација објавила дека Гечевски е еден од четворицата номинирани кандидати за наградата за најдобар кошаркар на Македонија за 2014 година.„Гечевски и Дамјан Стојановски главни во трка за најдобар кошаркар во 2014“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 23. На крајот на јануари 2016 година било најавено дека Тодор Гечевски повторно ќе се активира како кошаркар и да се врати во екипата на Работнички,Гечевски повторно ќе игра за Работнички maksport.ml 29 јануари 2016Пак се спојуваат „Кулите близначки“: Гечевски се враќа во тимот на Работнички! sportmedia.mk 29 јануари 2016Гечевски се врати во редовите на Работнички! sport365.mk 29 јануари 2016 но тоа не се остварило.

По завршувањето на сезоната 2014/15, Тодор Гечевски се пензионирал како кошаркар и станал координатор на младинските школи во Работнички.Легендата во нова улога: Гечевски ќе го враќа стариот сјај на младинската школа на Работнички sportmedia.mk 17 август 2015Гечевски: Сакаме Работнички пак да биде доминантен со играчи од сопствената школа! sportmedia.mk 17 август 2015Гечевски ќе им помага на младите, а можеби и пак ќе заигра за Работнички centarnews.net 17 август 2015

На 30 септември 2016 година, на натпреварот Работнички - Фенербахче, кој бил по повод 70 години постоење на КК Работнички, Гечевски официјално се пензионирал како кошаркар. Тој влегол во деветтата минута, одиграл 21 секунда, дал кош и ја завршил својата играчка кариера.

Репрезентативна кариера Русокосиот центар во репрезентацијата бил од 1996 година до 2013 година и настапи на сите големи натпреварувања. Популарниот Тоше бил еден од водачите на репрезентацијата во блесокот на Евробаскетот 2011 во Литванија и освојувањето на историското четврто место, а најмногу се истакна во победите над фаворизираната Хрватска (78-76) и „лутиот соперник“ Грција (72-58). На мечот од втората групна фаза против Грузија, кавадарчанецот заработил скршеница на левата рака и му било соопштено дека за него е завршен Евробаскетот, но сепак, тој молел за да игра и бил решен да биде дел од составот, што била голема мотивација за македонските кошаркари да го покажат своето вистинско лице на паркетот и да „изгинат“ за стариот лисец Тоше кој бил приморан да ги пропушти најважните средби за нашиот национален состав.

Гечевски по извесен период заздравел и се врати меѓу „жолто-црвените“, но не успеал на нашата селекција да и помогне да обезбеди историски пласман на Олимписките игри кои во 2012 се одржаа во Лондон. По фијаското против Доминиканска Република следело откажување од репрезентацијата на неколку искусни кошаркари, меѓу кои бил и Тоше.

Желбата да игра во дресот на нашата држава Гечевски уште еднаш ја покажал во 2013 година кога по барање на македонската нација, но и неговите колеги Мекејлеб, Илиевски и Антиќ, кој лично инсистирал за негово враќање во репрезентацијата преку СМС-порака, ја „одложил“ репрезентативната пензија и настапи на Евробаскетот 2013 во Словенија. Настапот на нашите кошаркари во „Подмежкала“ не бил сјаен - од пет меча во групната фаза загубивме четири, поради што го освоивме 21. место од вкупно 24 репрезентации. Но и покрај тоа, потегот на Гечевски бил голем, затоа што тој не само што покажал дека е голем професионалец, туку станал вистински пример на останатите генерации како треба да се сака својата држава.

Гечевски според статистиката е кошаркар кој зад своето име има најмногу настапи во жолто-црвениот дрес – вкупно 89 меча. Исто така, Гечевски е и сопственик на „Медал за заслуги за Македонија“, врачен лично од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.

Останата кариера Во април 2019 година, Перо Антиќ станал кандидат за претседател на Македонската Кошаркарска Федерација, а Гечевски станал негов соработник. Откако Антиќ бил избран за Претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Гечевски бил поставен за директор на КФМ.

Успеси

Титули Гостивар Прва македонска лига (1) : 1999/00 Куп на Македонија (1) : 2002 Суперкуп на Македонија (1) : 2000

Работнички Прва македонска лига (1) : 2003/04 Куп на Македонија (2) : 2004, 2015

Задар A-1 Лига (2) : 2004/05, 2007/08 Крешимир Косиќ Куп (3) : 2005, 2006, 2007

МЗТ Аеродром Прва македонска лига (3) : 2011/12, 2012/13, 2013/14 Куп на Македонија (3) : 2012, 2013, 2014

Признанија Најмногу скокови во Јадранската лига на сите времиња (1314) Најмногу индекс бодови во Јадранската лига на сите времиња (3212) Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2002Николферт го освои својот втор трофеј dnevnik.mk 7 мај 2002 Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2004 Најдобар кошаркар во странство за 2005 година Најдобар кошаркар во странство за 2006 година Најдобар кошаркар во странство за 2007 година Најдобар кошаркар во странство за 2008 година Прва најдобра петорка на сезоната во ЕвроКупот 2008/09 Најдобар кошаркар во странство за 2009 година Најкорисен играч на сезоната 2011/12 Центар на сезоната 2011/12 Прва најдобра петорка на сезоната 2011/12 Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2012 Најдобар домашен кошаркар за 2012 година Eurobasket.com - Најкорисен играч на финалето во лигата 2012/13 Eurobasket.com - Втора најдобра петорка на сезоната 2012/13 Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2012/13 Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2014 Eurobasket.com - Трета најдобра петорка на сезоната 2013/14 Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2013/14 Eurobasket.com - Центар на сезоната 2014/15 Eurobasket.com - Прва најдобра петорка на сезоната 2014/15 Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2014/15

Наводи

Надворешни врски Профил на Тодор Гечевски на eurobasket.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Кавадарци Категорија:Кошаркари на КК Работнички