300px|thumb|right|„Титаник“ во Саутхемптон, Велика Британија, пред првото патување во 1912.
Титаник () — британски прекуокеански патнички брод од класата „Олимпик“ сопственост на Вајт Стар Лајн, компанија што организирала редовен прекуокеански сообраќај помеѓу Велика Британија (обично од Саутхемптон) и САД (обично до Њујорк). Бил изграден во бродоградилиштето Харланд и Вулф. Во времето кога бил изграден, бил најголемиот патнички брод. Бил изработен според најсовремените технологии и популарно се верувало дека е „непотоплив“. Палубите и просториите од првата класа на бродот биле особено луксузни и убаво уредени.
Имал носивост од 46.328 БРТ, должина од 269,1 м, парни турбини со 59.000 коњски сили, максимална брзина при полн товар од 24 јазли (44,57 км/ч) и капацитет од 3.547 патници.
За време на првото патување, „Титаник“ удрил во санта мраз во Северниот Атлантик пред полноќ на 14 април 1912 ситни и потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15 април. Тоа бил голем шок за јавноста, особено што потонувањето завршило со огромни загуби од 1517 патници, што е една од најголемите поморски цивилни несреќи.
Изградба
„Титаник“ бил прекуокеански брод на Вајт Стар Лајн, изграден во бродоградилиштето Харланд и Вулф во Белфаст и дизајниран да им конкурира на конкурентите Кунард, „Лузитанија и „Мавританија“. „Титаник“ заедно со своите сестри од олимписка класа, Олимпик и наскоро што ќе се изградел Бритраник (што првин се нарекувал Гигантик) биле наменети да бидам најголемите, најлуксузни бродови од тоа време. Дизајнерите биле директорот на Харланд и Вулф и Вајт Стар, Лорд Вилијам Пири, менаџерот за изградба како и главен во одделот за дизајн, морнарскиот архитект Томас Ендрус, како и пионот и генерален менаџер Александар Карлајл. Улогата на Карлајл била да се дизајнира суперструктурата на овие бродови, главно аеродинамичната суперструктура придружена во трупот, како и правење на ефикасни дизајни на кранови за чамците за спасување. Карлајл ќе го напушти проектот во 1910, пред бродот да биде пуштен, кога стана акционер во Велин Дејвитс и Енџениринг Компани, односно фирмата задолжена за крановите. Изградбата на „Титаник“, спонзорирана од американецот Џ.П.Морган и неговата корпорација Интернешнел Меркантајл Марин, започна на 31 март 1909. Трупот на „Титаник“ беше пуштен во вода на 31 мај 1911, а неговото комплетно градење е завршено до 31 март наредната година. Тој беше долг 269,1 метри, широк 28 метри, со целокупна тонажа од 46 328 тони и со височина од 18 метри, од водата до палубата со чамци. Беше опремен со четири цилиндричен алтернативен мотор, тројно распространети мотори и една Парсонова турбина на низок притисок, засилена со три пропелери. Имаше 29 бојлери загрејувани од 159 печки на јаглен и кои овозможија висока брзина od 23 јазли односно од 43 километри на час. Само три од четирите 19 метарски оџаци биле функционални, додека четвртиот бил додаден за вентилација и секако да го направи бродот поимпресивен. Бродот можел да носи вкупно 3 547 патници и екипаж.
thumb|left|Сала за вежбање на „Титаник“
Особености
„Титаник“ ги надминал своите соперници во раскошноста и богатството. Понуди базен на палубата, гимнастичка сала, игралиште за сквеш, турска бања, кафе-бар и библиотеки во првата и втората класа. Заедничките простории во првата класа беа дизајнирани со дрвени орнаменти, скап мебел и други декорации. Главните соби во третата класа имаа ѕидови од борова шума и со силен дрвен мебел. Исто така во првата и втората класа имаше и берберница. Понатаму, кафето Парисиан ја нудеше својата кујна на патниците од прваа класа со веранда осветлена со сонце и украсена со декоративни решетки. За тој период бродот вклушуваше технолошко нашредни одлики. Имаше три електрични лифтови во првата и еден во втората класа. Имаше и широк електричен подсистем со генератори на пареа и распространети електрични светилки на предниот дел, две Маркони радиа, што вклучуваше моќен сет од 1 500 вати на кој работеа во смени двајца работници и овозможуваше постојан контакт и пренос на многу пораки од патниците. Патниците од прва класа платија крупна сума за ваков комфор. Најскапиот прекуокеански билет чинеше 4 350 долари (односно повеќе од 95 860 долари во 2008 година).
thumb|left|Холот на „Титаник“ со скалите за патниците од прва класа
Чамци за спасување
За првото патување, „Титаник“ носеше 20 чамци за спасување со три различни видовиЧ -Чамци за спасување 1 и 2: итни дрвени секачи: долги 25,2 инчи, широки 7,2 инчи, длабоки 3,2 инчи, со капацитет од 40 луѓе. -Чамци за спасување 3 до 16: дрвени чамци за спасување: долги 30 инчи, широки 9,1 инч, длабоки 4 инчи со капацитет од 65 луѓе. -Чамци за спасување А, Б, Ц, и Д: енлглехарт склопувачки чамци за спасување: долги 27,5 инчи, широки 8 инчи, длабоки 3 инчи, со капацитет од 47 луѓе. Вкупен број на патници што моше да соберат чамците е 1 178 луѓе. Чамците за спасување главно биле сместни во блокови на палубата за бродови, каде што не биле поврзани со крановите. Оние на десната страна на бродот биле поделени под броевите 1, 3, 5, 7, 9, 11, 13, и 15 од предниот дел на бродот сè до прамецот, додека оние на левата страна биле поделени како 2, 4, 6, 8, 10, 12, 14 и 16 од предниот дел на бродот па сè до прамецот. Итните секачи (чамците за спасување 1 и 2) биле надвор, висејки на крановите, спремни за употреба, додека склопувачките чамци Ц и Д биле сместени на палубата за чамци веднаш до ламците 1 и 2. Склопувачките чамци А и Б биле сместени на покривот од мостот на двете страни од првиот оџак. Но, сепак немало кранови кај мостот со кои би можеле да се спуштат склопувачките чамци А и Б кои многу тежеле. За време на тонењето се покажало како многу тешко спуштањето на чамците поради тоа што првин требало да се симнат на палубата. За време на ова, чамците Б се превртиле и полека отпловиле превртени од бродот. Во фазата на дизајнирање Карлајл предложил да се постават поголеми кранови за чамците, произведени од Велин Дејвитс и Енџениринг Компани, со што би можеле да се справат со четири чамци одеднаш. Шеснаесет сетови од овие кранови биле поставени на „Титаник“, и така му овозможи да носи 64 дрвени чамци- вкупен капацитет од 4 000 луѓе, споредено со капацитетот на „Титаник“ од 3 600 патници и членови на екипажот. Но, Вајт Стар Лајн додека се согласи за новите кранови, одлучил да се постават само 16 дрвени чамци за спасување (16 е минимумот според Министерството за трговија, засновано на тонажата на „Титаник“), што може да спаси само 1 178 луѓе ( односно 33% од патниците на „Титаник“). Во тоа време, законите на Министерството за трговија гласеле дека британските бродови над 10 000 тони мора да носат 16 чамци за спасување со капацитет од 160 метри кубни, плус доволен број на сплавови за 75% од тоа во чамците. Не се направија некои дополнителни измени во законите за поголеми бродови од 1894, кога се изгради најголемиот патнички брод „Лузанија“ на Кунард кој тежеше 13 000 тони. Сер Алфред Калмерс, морски советник во Министерството за трговија од 1896 до 1911, одвреме-навреме размислуваше на ова прашање, но бидејќи мислеше дека искусните морнари нема бескорисно да се на бродот за спуштањето и управувањето на чамците, претчувствуваше дека ќе биде тешко да се наместат повеќе од 16 чамци. Карлајл кажал на одговорните лица дека разговарал со Ј. Брус Исмај управувачки директор во Вајт Стар Лајн, но Исмај негираше дека некогаш разговарал за тоа и дека некогаш забележал такви одредби во плановите за бродот кој тој ги прегледувал. Десет дена пред првото патување Алекс Велин, дизајнерот на крановите за чамците на „Титаник“, објави дека неговата машинерија била наместена поради тоа што сопствениците биле свесни за промените кои доаѓале во официјалните закони, но Харолд Сандерсон, потпретседател на Интернешнел Меркантил Марин и поранешен главен менаџер во Вајт Стар Лајн, негирал дека тоа била намерата.
Пумпи
„Титаник“ имал пет пумпи на бродското дно и за рамнотежа, користени за додаток на бродот, и три пумпи за рамнотежа. Две десет инчни цевки кои се распространувале по бродското дно и го контролирале пренесувањето на водата, контролирани од горната преграда. Севкупниот капацитет на истовар од сите осум пумпи бил 1 700 тони за еден саат.
thumb|left|Споредба на големината со Airbus A380, автомобил, автобус и просечен човек
Споредба со Олимпик
„Титаник“ многу наликува на својот сестрински брод Олимпик. Иако има повеќе вклучен простор затоа имал и поголема тонажа, но трупот имал скоро иста големина како оној на Олимпик. Две од највидливите разлики се половина од предното шеталиште на „Титаник“ Палубата А (под палубата со чамците) беше затворена од надворешните временски влијанија и формата на Палубата Б беше различна со онаа на Олимпик. Изградениот Олимпик немаше двојник на Кафе-барот Парисиан на „Титаник“, не беше додадено сè до 1913. Некои од пропустите откриени на Олимпик, како што е чкрипењето на крмата, биле поправени на „Титаник“. Светлата коишто давале природна светлина на Палубата А биле округли, додека на Олимпик биле овални. Кормиларската кабина на „Титаник“ беше помала и подолга отколку на Олимпик. Ова и други промени го направија „Титаник“ за 1 004 тони потежок од Олимпик и така стана најголем активен брод во светот за време на своето прво патување во април 1912.
Историја на бродот
Пробно патување Пробно патувањена „Титаник“ започна кратко по оспособувањето од бродоградилиштето Харланд и Вулф.Патувањето требаше да започне во 10 часот во понеделникот на први април, само девет дена пред да го напушти Саутемптон на своето прво патување, но лошите временски услови биле одложени за наредниот ден. На „Титаник“ имаше 78 ложачи, подмачкувачи и пожарникари, како и 41 членови на екипажот. Немало ниту еден домашен персонал. Претставници од различни компании патувале на пробно патување на „Титаник“, каде што присуствувале и Харолд А. Сандерсон од И.М.М. и Томас Ендрус и Едвард Вајлдинг од Харланд и Вулф. Брус Исмеј и Лорд Пири биле болни за да присуствуваат. Џек Филипс и Харолд Брајд работеле како радио оператори и ја разработувале убаво Маркони опремата. Г-дин Карутерс, надзорник од Министерството за трговија, бил исто присутен за да се увери дека се работело убаво и бродот бил способен за патници. По пробата тој потпишал „Договор и Извештај за патници и екипаж“, со важност од 12 месеци, со кој се уверува дека бродот е достоен за пловидба.
Прво патување Бродот го започнал своето прво патување од Саутемптон, Англија, кон Њујорк, на 10 април 1912 со капетанот Едвард Џ. Смит. Како што „Титаник“ беше оставен на пристаништето, за малку ќе се судреше со бродот Њујорк, кој го влечеа во близина (околу четири стапки), и на крајот го одвлечеа. Инцидентов го одложи заминувањето за еден час. По минувањето на англискиот канал, „Титаник“ застана кај Шербург, Франција за да качи други патници и застана наредниот ден кај Квинстаун (денешен Коб) Ирска. Поради тоа што пристаништето во Ирска не се совпаѓаше со неговата големина, „Титаник“ мораше да се укотви недалеку од брегот, со мали бродови, познати како помошници, ги превезеле останатите патници на него. Кога конечно тргна кон Њујорк имаше вкупно 2 240 луѓе качени на бродот. Џон Кофеј, 23 годишен член на екипажот, додека бродот беше закотвен кај Ирска тој се скрил во поштата и се упатил повторно кон Квинстаун. Кофеј изјавил дека причината za тоа е суеверието кое го имал за пловењето и особено за „Титаник“. Подоцна тој потпишал договор за да се придружи на екипажот на Мавританија.