ФК Брегалница Голак — македонски фудбалски клуб од Делчево.
Историја ФК Брегалница е формирана во 1926 година. Клубот настапува на Стадион Гоце Делчев во Делчево кој има капацитет од 4,000 гледачи. Клупски бои се сината и белата. Клубот во својата историја има настапува и во 1 МФЛ, и тоа две сезони, 2002/03 и 2003/04. Во летото 2012, клубот престана да постои бидејќи немал спонзор. Но, потоа клубот беше обновен како Брегалница Голак. Моментално клубот се натпреварува во 3 МФЛ - Источен Регион. Навивачката група која ја следи делчевска Брегалница се вика Арамии.
Наводи
Брегалница (Делчево) Категорија:Фудбалски клубови од Делчево Категорија:Појавено во 1926 година во Македонија