ФК Брегалница 2008, порано позната по старото име ФК Алумина — македонски фудбалски клуб од Штип.
Историја Како Алумина Алумина била оформена во 1950 година во Скопје, но своите корени ги влече од пред Втората светска војна. Игралиштето на кое настапувала Алумина се вика Македонија, а во минатото имали и трибини. По пауза од неколку години клубот повторно се натпреварувал во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига). Тренер на екипата бил Томислав Франц, кој како играч има играно 10 сезони во клубот, од 1993/94 до 2003/04.
Во клубот поминале голем број на познати играчи, најчесто млади фудбалери, кои како отстапени играчи на двојна лиценца, биле пратени на калење од некој од пореномираните скопски клубови. Така дел од својата кариера во Алумина поминале играчи како Филип Ивановски, Ќемал Аломеровиќ, Ѓоко Цветановски и други. Како Брегалница 2008 Во летото 2008 година, Алумина била преземена од управата на Брегалница од Штип. Оттогаш името на клубот било сменето во Брегалница 2008.
Во 2017 година, во полуфиналниот натпревар од Купот на Македонија 2016/2017, против екипата на Пелистер. Тогаш Брегалница го одиграла својот прв натпревар на домашен терен под рефлектори. Осветлувањето на теренот било спроведено од страна на Општина Штип, а со поддршка на ФФМ.„Историски прв натпревар на ФК „Брегалница“ под рефлектори на градскиот стадион“, Штипски Мозаик, март-април 2017, стр. 18.
Во јули 2019 година, Кирил Гогов кој е сопственикот на претпријатието Кит-Го, станал мнозински сопственик во клубот. Купувањето на акциите било извршено од страна на мнозинскиот сопственик Општина Штип преку јавен повик.
Доскорешни сезони 220п|мини|Екипата на Брегалница 2008 во сезоната 2023/24. СезонаЛигаКупЗабелешкаНатпреварувањеНат.Поб.Нер.Пор.Пос. гол.При. гол.Пое.Место1992/933. МФЛ Север и Полог?Како Алумина1993/943. МФЛ Север и Полог?1994/953. МФЛ Север и Полог?1995/963. МФЛ Север и Полог?1996/973. МФЛ Север и Полог1. ↑―1997/982. МФЛ Запад301161341423910.?1998/992. МФЛ Запад30135125241444.?1999/002. МФЛ Запад34205910246657.―2000/012. МФЛ34166126449547.1/82001/022. МФЛ341310115537498.1Р2002/032. МФЛ361581351445310.―2003/042. МФЛ32104184066349. ↓―2004/053. МФЛ Север―2005/063. МФЛ Север―2006/073. МФЛ Север1. ↑―2007/082. МФЛ329101328363912.―2008/092. МФЛ2914964521514.1РКако Брегалница 20082009/102. МФЛ2615744919524. ↑1Р2010/111. МФЛ33125163349418.1/42011/121. МФЛ33136145146455.1/42012/131. МФЛ33127143735436.1Р2013/141. МФЛ331111113434447.1/22014/151. МФЛ32139113329487.1/82015/161. МФЛ32108144249386.1/22016/171. МФЛ36412203969249. ↓1/22017/182. МФЛ Исток2515825420533.1/82018/192. МФЛ Исток2715755426523.1/82019/2012. МФЛ Исток161141399372.Прек.2020/212. МФЛ Исток2723407318731. ↑1/82021/221. МФЛ33129124547457.1/42022/231. МФЛ30101193334415.1/4 1Сезоната 2019/20 била прекината поради Пандемијата на КОВИД-19 во Македонија.
Главни тренери Шефови на стручниот штаб на Брегалница 2008 биле:
Драган Христовски (-јуни 2010) Никола Кузманов (-февруари 2011) Драган Христовски (февруари 2011-)
Ѓоре Јовановски (јули 2014-ноември 2014)
Влатко Костов (јануари 2015-) Игор Стојанов (јануари 2016-август 2016) Јуксел Јешилова (септември 2016-ноември 2016) Здравко Цветаноски (ноември 2016-март 2017) Никола Кузманов (март 2017-август 2017)
Емил Грнев (декември 2017-септември 2018) Зоран Штерјовски (октомври 2018-мај 2019) Добринко Илиевски (јули 2019-ноември 2020) Марјан Секуловски (ноември 2020-јануари 2022) Илчо Ѓорѓиоски (јануари 2022-ноември 2022) Горан Здравков (декември 2022-)
Навивачка поддршка Навивачката група на штипска Брегалница 2008 го носи името Фаланга.
Наводи
Надворешни врски
Службена мрежна страница на ФК Брегалница 2008 ФК Брегалница 2008 на Transfermarkt.com ФК Брегалница 2008 на Flashscore.com Информации Фудбалска федерација на Македонија
Алумина Брегалница 2008 Категорија:Појавено во 1950 година во Македонија