алт=Николај Андријанов 1974|мини|Николај Андријанов 1974 Николај Ефимович Андријанов () (роден на 14 октомври 1952 во Владимир, Руска СФСР - почина на 21 март 2011 во ВладимирLondon 2012 – Olympic legend Andrianov dies – Yahoo! Eurosport. Uk.eurosport.yahoo.com. Retrieved on 22 March 2011.) беше советски гимнастичар, кој на Олимписките игри освоил 15 медали (7 златни, 5 сребрени и 3 бронзени), а е втор по бројот на освоени медали воопшто зад Лариса Латинина, која има освоено 18 (9 златни, 6 сребрени и 3 бронзени). На Олимписките игри во Москва во 1980 година тој има положено и Олимписка заклетва.

Николај Андријанов бил член на спортското училиште Буревестник во Владимир уште од 11 години. Таму негов тренер бил познатиот Николај Толкачев. Првите успеси Андријанов ги постигнал со освојувањето на 2 златни медали на Европското првенство во Мадрид во 1971, а во периодот од 1971 до 1980 е освојувач на голем број на медали на Олимписките игри, светските и европските првенства.

Тој е оженет со двократната олимписка шампионка во гимнастика Љубов Бурда. Од 2001 тој е член на Интернационалната гимнастичка хала на славните, а од 2002 е директор на спортското училиште за деца и млади во Владимир.

Андријанов почина во родниот град, на 21 март 2011 година по долго боледување. Наводи

Надворешни врски Профил на Николај Андријанов на Меѓународната Федерација за Гимнастика Кратка биографија и достигнувања Биографија

Категорија:Руски гимнастичари Категорија:Советски гимнастичари Категорија:Освојувачи на олимписки медали Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Добитници на наградата на Ленинскиот комсомол Категорија:Починати во 2011 година Категорија:Родени во 1952 година