Камена гатанка (португалски: Ciranda de Pedra) е романтична бразилска теленовела. Писател на серијата е Алцидес Ногуеира. Ова е втора верзија на истоимениот роман на Лигија Фагундес Телес (првата верзија е направена во 1981). Серијата според плановите би требала да има 137 епизоди.
Синопсис Д-рот Прадо и Лаура не беа создадени еден за друг. Таа има модерни идеи и е посветена на уметноста, додека тој е познат адвокат со традиционални верувања. Притисната од сопругот, Лаура доживува тешка траума и д-р Прадо ја затвора во лудница. Тие се разведуваат и семејството се разделува: тој ги задржува двете постари ќерки Отавија и Бруна, а Лаура најмалата ќерка, Виржинија.
Болна и со економски проблеми, Лаура оди да живее кај д-р Даниел, неврологот кој го следи нејзиниот случај со години. Даниел е заљубен во неа и верува дека нејзината болест не е ментална, туку физичка, и сака таа да закрепне. Лаура пак, од друга страна, крие една тајна од сите: Виржинија е, всушност, ќерка на Даниел. Тој и Прадо се сомневаат во ова, но Даниел сепак почувствително се однесува со девојчето, а Прадо пак, индиферентно.
Неколку години подоцна, Виржинија, веќе девојка, оди да живее во куќата на Прадо заедно со нејзините две сестри и со строгата гувернанта Фрау Херта. Таму се среќава со секаков вид непријателство и потешкотии да се адаптира. Како утеха на Виржинија ѝ служи Конрадо, соседот и симпатија од детството. Но, тој ќе влезе во конфликт со Едуардо, пријател на Виржинија од Вила Маријана каде што таа порано живеела, кој е целосно заљубен во неа.
Улоги Карактеризација на ликовите
Глумци ЛиковиТами ди Калафиори Виржинија Марсело Антони Даниел ФреитасАна Паула Аросио Лаура ПрадоДаниел Дантас Натерсио Силва ПрадоКлео Пирес МаргаридаБруно Гаглиасо Едуардо РибеироПаола Оливеира ЛетисијаСиао Блат Афонсо
Надворешни врски Официјално мрежно место Теледраматургија
Категорија:Бразилски телевизиски серии Категорија:Теленовели