мини|десно|250п|Како работи Рихтеровата сакала Рихтерова скала — логаритамска сеизмолошка скала која определува еден број, од 1 до 10, за да ја квантифицира количината на сеизмичка енергија ослободена при земјотрес. Бројот од скалата се добива како логаритам со основа 10 од хоризонталната амплитуда на најголемото поместување на Вуд-Андерсоновиот торзионен сеизмограф.
Енергијата што се ослободува од земјотресот е еднаква на амплитудата на тресењето на степен , па според тоа, разликата од 1 степен на Рихтеровата скала е еквивалентна на 31,6 пати поголема ослободена енергија, а разликата од 2 степени соодветствува на 1000 пати поголема енергија.
Поради физичките ограничувања на Вуд-Андерсоновиот сеизмометар кој се користи во пресметката на скалата, силината на земјотресот не може точно да се одреди за потреси поголеми од околу 6,8. Затоа за посилни потреси се користи скала која се заснова на пресметка на сеизмичкиот момент наместо на сеизмичкото движење, па затоа се нарекува Скала на магнитуда на моментот.
Рихтеровата магнитуда на земјотресот се определува од логаритамот на амлитудата на брановите снимени од сеизмографите, при што се користи прилагодување за да се компензира за варијациите во растојанието помеѓу разни сеизмографи и епицентарот на земјотресот. Поради логаритамската пресметка, секој еден степен на скалата значи десет пати поголемо поместување на земјата.
Потреси со магнитуда од 4,6 и повеќе се доволно силни за да се регистрираат од било кој сеизмограф во светот.
Следнава таблица ги опишува типичните ефекти за земјотреси со разни магнитуди во епицентарот. Сепак, оваа табела треба да се гледа со предострожност, бидејќи интензитетот и ефектот на земјотресот зависи не само од магнитудата, туку и од растојанието од епицентарот, длабочината на хипоцентарот, геолошките услови на почвата (некои земјишта можат да го засилат сеизмичкиот бран), итн.
Рихтерова магнитуда ОписЕфекти на земјотресотЧестота на случување Помалку од 2,0МикроМикро-потреси, не се чувствуваат.Околу 8.000 дневно 2,0-2,9МалиГлавно не се чувствуваат, но се регистрираат. Околу 1.000 дневно3,0-3,9МалиСе чувствуваат, но не предизвикуваат штети.околу 49.000 годишно4,0-4,9СлабиЗабележливо тресење на предметите, звуци на тресење. Ретки се значајни штети. околу 6.200 годишно5,0-5,9УмерениМожат да предизвикаат поголеми штети на слабо изградени згради и на помали региони. На добро конструирани објекти само мали оштетувања. 800 годишно6,0-6,9СилниМоже да бидат уништувачки во области до 160 км во пречник во населени места. 120 годишно7,0-7,9ГолемиМожат да предизвикаат сериозни штети на големи пространства. 18 годишно8,0-8,9ОгромниМожат да предизвикаат сериозни штети на стотици километри во пречник. 1 годишно9,0-9,9ОгромниРазурнивачки во области на неколку илјади километри. 1 во 20 години10,0+ЕпскиНикогаш не се забележани. непознато
USGS: FAQ- Measuring Earthquakes
Големите земјотреси настануваат во просек еднаш годишно. Најсилниот забележан земјотрес бил големиот земјотрес во Чиле на 22 мај 1960., од 9,5 степени.
Поврзано Меркалиева скала
Наводи
Надворешни врски IRIS Real-time Seismic Monitor of the Earth USGS: magnitude and intensity comparison USGS: Earthquake Magnitude Policy USGS: 2000-2006 Earthquakes worldwide USGS: 1990-1999 Earthquakes worldwide Alaska Railroad Earthquake with a table of yield-to-magnitude relations.
Категорија:Земјотреси Категорија:Сеизмологија Категорија:Сеизмички скали Категорија:Логаритамски скали Категорија:Американски пронајдоци