Паркот Јура () — научнофантастичен филм од 1993 година, во режија на Стивен Спилберг, заснован на истоимениот роман на Мајкл Криктон. Како главна тема на филмот е фиктивниот остров Исла Нублар, каде научниците создале забавен парк со клонирани диносауруси. Џон Хамонд (Ричард Атенборо) поканува група научници да го посетат паркот. Поради саботажа, диносаурусите ќе се ослободат, па техничарите и посетителите се обидуваат да избегаат од островот.

Паркот Јура доби многу позитивни критики, кои ги фалеа специјалните ефекти, но за другите аспекти велеа дека филмот е медиокритет. За време на премиерата, филмот заработи 914 милиони долари и со тоа стана најуспешниот филм за таа година, а моментално се наоѓа на десеттото место на најпосетувани филмови. Паркот Јура беше првиот филм во оваа франшиза, а по него беа направени Изгубениот свет: Паркот Јура во 1997 и Паркот Јура 3 во 2001.

Надворешни врски Официјална страна

Jurassic Park Legacy — Паркот Јура Енциклопедија

Категорија:Филмови со Ричард Атенборо Категорија:Филмови од 1993 година Категорија:Филмови на Стивен Спилберг Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Американски научнофантастични филмови