Не го поистоветувајте со германскиот шкотски јазик.
Шкотски јазик ( ) — јазик од групата на гојделски јазици во состав на келтското јазично семејство, што го прави различен од британските јазици каде се наоѓаат велшкиот, корнскиот и бретонскиот. Шкотскиот, манскиот и гелскиот се сите потомци на средноирскиот јазик, кој пак потекнува од староирскиот јазик и примитивниот ирски јазик.
Во англискиот јазик овој јазик е именуван како шкотски гелски, за да се разликува од нецелосно признатиот германски шкотски јазик кој потекнува од староанглискиот.
Според пописот во 2001 година, овој јазик во Шкотска го зборувале околу 58.652 жители или 1,2 % од населението над три години. Споредено со пописот од 1991 година, се забележува пад на јазикот за 7.300 жители. Поради тоа се имплементираат мерки за зачувување на јазикот, кои се покажале со одреден успехMacKinnon, Kenneth, Gaelic A Past and Future Prospect, 1991 и има млади говорници на јазикот.
Историја
Шкотскиот јазик (гелски) се развил во посебен јазик во XII век заедно со останатите гојделски јазици. Овој јазик станал доминантен јазик и ги заменил претходните јазици како камбрискиот, пиктскиот и во одредени делови, староанглискиот.W. F. H. Nicolaisen: Scottish Place-Names, B. T. Batsford, London 1986, p.133 Денес не постојат историски записи кои би потврдиле точно колку долго се зборувал шкотскиот јазик во Шкотска, но се тврди дека се зборувал во старата јазична форма уште пред подемот на Римското Царство.. Не се постигнала согласност по ова прашање во научната јавност, но се поврзуваат фактите за постоењето на кралството Далријада во IV век и со негово проширување кон Алстер и западна Шкотска и со тоа се проширил јазикот. Понатаму, јазикот опстоил преку Господарот на Островите, географски и културен наследник на кралството Далријада кој контролирал делови од Алстер сè до 1500 г.
Среден век до класично гелско учење
Со сигурност се знае дека шкотскиот јазик го заменил пиктскиот јазик северно од реката Форт и до доцниот XV век и веќе започнал да се именува со денешниот термин. Јазикот до XIII век започнал сè помалку да се зборува во јужните делови на Шкотска.
Од околу XVI век Шкотите започнале да го нарекуваат својот јазик како Erse што во превод значи „ирски“. Ова било малку иронично бидејќи Шкотите се стремеле да ја дооформат својата културна посебност.Gaelic - A Past and Future Prospect. MacKinnon, Kenneth. Saltire Society Edinburgh 1991. p41
Името „ирски“ се користело бидејќи сите образовани лица во Ирска и Шкотска го користеле литературниот класичен гелски јазик и немало остри разлики помеѓу овој јазик и зборуваниот јазик во Шкотска. Кога класичниот гелски јазик престанал да се користи во образованието во двете земји, се развиле и почнале да се користат локалните јазици кои се развиле во посебни јазика.
Современ период
Шкотскиот јазик има голема орална и пишана традиција која на шкотски јазик се нарекува „beul-aithris“. Јазикот зачувува знаење за предфеудалниот период и племенските закони и обичаи на Шкотска.
Што се однесува за книгоиздавателството, ирскиот превод на Библијата се користел во Шкотска сè додека не била преведена на шкотски јазик. Авторот Дејвид Рос во својата книга „2002 историја на Шкотска“ забележува дека шкотска верзија на Библијата била испечатена уште во 1690 година од Роберт Кирк во Лондон, но истата не била распространета меѓу шкотското население.Ross, David. Scotland: History of a Nation. Geddes & Grosset, 2002. Првата добропозната Библија на шкотски јазик е издадена во 1767 година од страна на Џејмс Стјуарт од Килин и Дугалд Баханан од Ранох.
Поранешни дијалекти
Денешниот шкотски јазик најдобро и најточно може да се именува како „планински гелски“ за да се разликува од поранешните дијалекти на „низински гелски“. Од овие, галовејскиот гелски дијалект можеби е последниот дијалект на гелскиот јазик кој се зборувал во Низинска Шкотска. До крајот на средниот век, низинскиот шкотски бил заменет во средниот англиски јазик или со шкотскиот германски јазик и британскиот јазик исчезнал. Според Џејмс Крихтон, последното место во Низинска Шкотска каде се зборувал шкотскиот јазик било селото Бар во Карик. Како и да е, нема топографска граница на северните и јужните јазични разлики.
Денес, најблизок ирски дијалект со шкотскиот јазик е алстерски ирски дијалект. Овој дијалект содржи голем број на архаични зборови и јазична конструкција што ги поврзува двата јазика. За разлика од тој дијалект, стандардните јазици се малку поразлични, односно ирскиот јазик се заснова на дијалекти од југоистокот на земјата. Од друга страна пак, шкотскиот јазик се развил на островите Надворешни Хебриди и се проширил кон остатаокот од Шкотска, иако денес во источните делови послабо се зборува јазикот.
Говорници
Следува приказ на бројот на говорници на шкотскиот јазик и споредба со говорниците на шкотскиот и англискиот според бројот на населението на Шкотска.
|+ Говорници на шкотскиот јазик во Шкотска (1755 - 2001) |- ! година!! шкотско население !! говорници само на шкотскиот !! говорници на шкотскиот и англискиот !! говорници на шкотскиот и англискиот во % |- |1755 || 1.265.380 || 289.798 || н/п || н/п (22,9 еднојазични Шкоти)
|1800 || 1.608.420 || 297.823 || н/п || н/п (18,5 еднојазични Шкоти) |- |1881 || 3.735.573 || 231.594 || н/п || н/п (6,1 еднојазични Шкоти) |- |1891 || 4.025.647 || 43.738 || 210.677 || 5,2 |- |1901 || 4.472.103 || 28.106 || 202.700 || 4,5 |- |1911 || 4.760.904 || 18.400 || 183.998 || 3,9 |- |1921 || 4.573.471 || 9.829 || 148.950 || 3,3
|1931 || 4.588.909 || 6.716 || 129.419 || 2,8 |- |1951 || 5.096.415 || 2.178 || 93.269 || 1,8 |- |1961 || 5.179.344 || 974 || 80.004 || 1,5 |- |1971 || 5.228.965 || 477 || 88.415 || 1,7 |- |1981 || 5.035.315 || н/п || 82.620 || 1,6 |- |1991 || 5.083.000 || н/п || 65.978 || 1,4 |- |2001 || 5.062.011 || н/п || 58.652 || 1,2
Распространетост thumb|Говорник на шкотски. мини|200п|десно|Распространетост на шкотскиот јазик во Шкотска.
Според пописот од 2001 година во Шкотска има 58.652 говорници на шкотскиот јазик, односно 1,2% од населението на државата со над тригодишна возраст. Споредено со пописот од 1991 година, се гледа пад на активните говорници за околу 7.300 жители, што дава впечаток дека јазикот е во постојана опасност од исчезнување.
Според податоците на граѓанските парохии во државата, кои пак дозволуваат учење на шкотскиот јазик уште од XIX век, две нови околности се случиле во рамките на шкотското општество кои се поврзани со овој пад на бројот:900. ниту една парохија во Шкотска нема пропорција на шкотски говорници поголема од 75% и најголема пропорција има Барвас со 74,7%. ниту една парохија во копнена Шкотска нема пропорција на говорници на шкотски јазик поголема од 25%, и најголема пропорција има Лохалш со 20,1%
Најголемо упориште каде се зборува јазикот се островите Надворешни Хебриди или на шкотски Na h-Eileanan Siar, каде целокупната пропорција на населението изнесува 61,1% и сите парохии забележале пропорција од 50% во однос на зборуваните јазици т.е. шкотски и англиски. Исто така парохијата во Килмуир забележала таков сооднос, односно 50%.
Надвор од овие острови, најголем број на шкотски говорници можат да се пронајдат на островот Тире со вкупно 47,8% од населението, Скај со 36,8 % од населението, Расај со 36,1% и Лисмор со 28,8% од населението.Duwe,Kurt(2006):Gaidhlig(Scottish Gaelic)Local Studies Vol.20 Muile,Tiriodh & Colla page 23 2nd edition September 2006 and Duwe,Kurt(2006:Gaidhlig(Scottish Gaelic)Local Studies Vol.17 Gleann Comhann,Lios Mor & Aird Chatain page 27 2nd edition May 2006 Така, целокупната слика на 900 парохии во Шкотска во споредба со бројот на говорници на шкотски јазик изгледа вака:
9 од парохиите имаат шкотски говорници над 50%. 20 од парохиите имаат шкотски говорници над 25%. 39 од парохиите имаат шкотски говорници над 10%.
Надвор од овие средини, говорниците на шкотскиот јазик се речиси изолирани од употреба на јазикот и скоро и да нема монолингвизам во државата кога станува збор за шкотскиот.
Паравопис и азбука
right|thumb|350px|Огамско писмо.
Историја на правописот Прастариот или огамскиот ирски јазик, претходник на староисркиот јазик, користел линиски огамско писмо. Огамското писмо се состоело од знаци запишано под и над хоризонтална линија. Со продорот на христијанството во V век се вовела латиницата на просторите на Британските Острови и на Ирска. Историски, гојделските јазици порани биле дијасистем кој се протегал од јужна Ирска, преку островот Ман па сè до северна Шкотска.
Класичниот гелски јазик се користел како книжевен јазик во Шкотска сè до XVIII век. Разликата помеѓу правописот на шкотскиот и ирскиот јазик е како резултат на скорешни правописни реформи кои ги стандардизирале јазиците.
Со преводот на Новиот завет на шкотски јазик во 1767 година го стандардизирал јазикот. За времето на Втората светска војна, правописот на ирскиот јазик претрпел нова реформа и се вовел официјалниот правопис наречен Caighdeán Oifigiúil. Понатамошните реформи во 1957 година резултирале со елиминирање на некои тивки букви од јазикот, но кои денес се користат во шкотскиот јазик. Шкотската катедра за оценување во 1981 година препорачала шкотска конвенција за правопис, која била прифатена од поголем број на издавачи и агенции, но сепак од некои академици се смета за контроверзна.The Board of Celtic Studies Scotland (1998) Computer-Assisted Learning for Gaelic: Towards a Common Teaching Core. The orthographic conventions were revised by the Scottish Qualifications Authority (SQA) in 2005:
Азбука мини|100п|десно|Сообраќаен знак на шкотски. Современата шкотска азбука се состои од 18 букви засновани на латиницата. Тие се:
Големи буквиA B C D E F GHI L M N O P R ST U Мали буквиabcdefghilmnoprstu
Буквата „h“ која денес се користи за лениција на согласките, не се користела во стариот шкотски правопис. Наместо неа се ставало точка над буквата која треба да е ленитирана. Традиционално, имињата на буквите биле според дрва, но овој начин на именување не се користи повеќе.
Квалитетот на согласката е индициран со запишување на самогласката која ја опкружува согласката. Таканаречените „тенки“ согласки се палатизирани, додека „широките“ согласки се неутрални или се веларизирани. Самогласките „е“ и „и“ се класифицирани како „тенки“, додека „а“, „о“ и „у“ се класифицирани како „широки“. Правилото за пишување познато како „тенка до тенка и широка до широка“ (caol ri caol agus leathann ri leathann) побарува да среднозборна согласка или согласна група проследена од запишани „и“ или „е“ биде исто така претходена од запишани „и“ или „е“. Истото правило важи и за „широките“ самогласки. Квалитетот на согласката е индицирана со запишаните самогласки до согласката и правилото за запишување ги отстранува можностите за несигурност за квалитетот на согласката со тоа што се додаваат букви кои не се изговараат. Како илустрација на ова правило се зема буквата „t“ во зборот slàinte и буквата „t“ во зборот bàta .
Ова правило нема ефект на изговор на самогласките. Така на пример, множинската форма во шкотскиот јазик се формира со додавање на наставка „-an“ и имаме: bròg (чевел) / brògan (чевли). Поради правилото за запишување, пред суфиксот се додава буква „е“, но изговорот не е променет. Слични пример е taigh (куќа) / taighean (куќи).
Промените кои биле предложени во 1967 година исто така претрпеле модификации поврзани со правилото за пишување. Така на пример наставката за минат партицип секогаш се пишува „-te“, дури и после „широка“ согласка, како во зборот „togte“ воздигнат.
Каде во пишувањето се сретнуваат парови самогласки, нема целосна сигурност за тоа која самогласка треба да се изговори и која самогласка е вметната за да се задоволи барањето на правилото за пишување.
Неакцентираните самогласки кои се занемарени при зборување, можат да бидат занемарени и при формално запишување, како во примерот:
Tha mi an dòchas. („Јас се надевам.“) > Tha mi 'n dòchas.