thumb|center|720px|Поглед од Плоштадот деи Мираколи Пиза () — италијански град сместен на реката Арно во регионот Тоскана и главен град на истоимената покраина. Овој град е познат по многубројните културно-историски споменици, од кои најзначајна е Кривата кула, висока 56 метри, изградена во 12 век. thumb|300px|Пиза во 1540 г., карта на Јакопо Филипо Форести thumb|right|300px|Катедралата во Пиза thumb|right|300px|Ѕидините кои го опкружуваат историскиот центар на Пиза Овој италијански град е родно место на научникот Галилео Галилеј. Во овој град се наоѓа најзначајниот аеродром во овој регион, Аеродромот Галилео Галилеј и исто така Пиза е седиште на три важни универзитети и бројни истражувачки центри.
Географија Градот Пиза е сместен во близина на утоката на реката Арно, во низинска област која на север е затворена со планинскиот венец Монти Пизани.
Клима Климата во Пиза е условена од два фактори: близината на морето кое ги ублажува силните зимски студови и летни жештини, и континенталноста на низината Валдарно. Следната табела ги содржи средните вредности кои се регистрираат во текот на годината:
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Година Максимална средна темпер. (°C) 10 11 15 18 22 26 30 29 26 21 16 11 19,6 Минимална средна темпер. (°C) 2 3 4 7 10 14 18 17 14 11 6 2 9 Дождови (mm) 69 71 72 85 56 48 28 52 93 112 135 80 901
Пиза како мотив во уметноста „Пиза и Венеција“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 17.
Надворешни врски Општина Пиза Leaning Tower - Official Website Аеродромот Галилео Галилеј
Наводи
Категорија:Градови во Тоскана Категорија:Општини во Пиза (покраина)