Peace Sells… but Who's Buying? е вториот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Издаден е во 1986 г. Претставува демонстрација на сета брзина, моќ и бруталност на трешот. Обожавателите го рангираат во редот на безвремените класици од овој жанр.

Бил издаден на 19 септември 1986, а првичната замисла била да излезе под продуцентската капа на Комбат Рекордс. Подоцна Капитол Рекордс ги откупил правата за негово издавање, а тие назначиле и посебен продуцент во името на Ренди Барнс кој би учествувал во подготовката на проектот.

Во 2004 г. била објавена преработената и подобрена верзија на албумот, на која биле вклучени четири ремиксувани нумери. Во 2011, по повод 25-годишниот јубилеј од издавањето на дискот, биле издадени три различни верзии на албумот.

Ова бил вториот и последен студиски албум во чија изработка учествувал покојниот тапанар Гар Семјуелсон, а исто така последен и за гитаристот Крис Поланд, иако тој имал мал придонес во снимањето на The System Has Failed од 2004.

Список на песни Сите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, освен „I Ain't Superstitious“ од Вили Диксон.

Наводи

Категорија:Албуми на Megadeth Категорија:Албуми од 1986

id:Andy Summers