мини|Џејсон Пристли 2012 Беверли Хилс, 90210 (Beverly Hills, 90210) е американска драмска серија која е емитувана од 4 октомври 1990 до 17 мај 2000 на Фокс во Сад, и последователно на многу тв мрежи нив светот. Тоа е прва под лиценца на Беверли Хилс, 90210. Шоуто го следи животот на група тинејџери, кои учат во измислената West Beverly High School, а по матурирање се запишуваат на Калифорнискиот Универзитет. Шоуто е создадено од Дарен Стар а произведено од Пол Робинсон. 90210 во насловот се однесува на градскиот зип код. Воведниот дел на шоуто е засновано на прилагодување и возбуда која близнаците Брендон (игран од Џејсон Присли) и Бренда Волш (играна од Шенон Доерти) ја преживуваат кога тие и нивни родители, Џим (игран од Џејмс Екхаус) и Синди (играна од Керол Потер) се селат од Минеаполис, Минесота во Беверли Хилс. Покрај пријателство и романтични врски на група тинејџери, во шоуто има многубројни теми, вклучувајќи ги силување на состанок, алкохолизам, домашно насилство, права на хомосексуалци, хомосексуално одгледување, тинејџерски самоубиства, сида, тинејџерска бременост, булимија и абортус. Серијата стана популарна во лето 1991 година, кога Фокс најави специјална летна сезона на шоуто додека други серии се репризираа. Гледаноста драстично порасна, а учесниците посебно Џејсон Присли и Лук Пери станаа тинејџерски идоли, додека серијата ќе ги направи глумиците Шенон Доерти, Џени Гарт и Тори Спелинг домаќински имиња во Сад.
Серијата започна со претставување на фамилијата Волш-Џим, Синди, Брендон и Бренда-кои неодамна се преселија од Минесота во Беверли Хилс, Калифорнија како резултат на работното унапредување на Џим. Во првата епизода Брендон и Бренда почнуваат да го посетуваат West Beverly High School каде се запознаваат со неколку пријатели: Кели Тејлор, Стив Сандерс, Андреа Зукерман, Дилан Меккеј, Дејвид Силвер, Скот Сканлон и Дона Мартин. Шоуто ги прати личните и професионални занимања на своите ликови низ полнолетсво, додека се внесени и неколку додатни одлики за напредокот на сезоната.
Заминувања
Шенон Доерти го напушти шоуто на крајот на четвртата сезона. Нејзиниот лик, Бренда Волш беше напишано во шоуто како заминува во Лондон да се запише на академија за драмски уметности. Иако беше опишано дека отсутноста на овој лик ќе биде една година, таа никогаш не се врати, иако е спомнувана од време на време во преостанатите сезони. Беше сменета со бившата ѕвезда на Saved by the Bell-Тифани Амбер Тисен, која играше лик на лошата девојка Валери Мелоун.
Габриел Картерис
Нејзиниот лик, Андреа Зукермен темелно се смени од средно училиште до колеџ. Во средно учулиште, Андреа беше паметен уредник на West Beverly Blaze, се заљубува во Брендон и тајно живее надвор од областа. За време на четвртата сезона, Андреа го напушта колеџот (подоцна пак продолжува за да стане лекар), станува бремена, и се мажи за некој што едвај го знае (Џес Васкес) пред крајот на годината. Додека бременоста била напишана по барање на Картерис за да ја влушат нејзината вистинска бременост, ова беше голема промена на нејзиниот лик, што прдеизвика изолираност од останатите ликови. Андреа Зукермен го напушта шоуто на крајот од петтата сезона затоа што конечно решава да оди на Јел. По завршување на вистински петгодишен договор, Картерис доброволно го напушта 90210 и прави самостојно шоу, кое трае една сезона. Картерис се враќа во 90210 како гостин за време на шеста, седма и десетта сезона.
Џејмс Екхаус и Керол Потер
Двајцата глумци го напуштаат шоуто по петтата сезона на крајот од нивниот петгодишен договор. За време на средношколските денови во шоуто, Џим и Синди Волш играа споредни улоги, нудејќи совети на Бренда и Брендон, покрај нивните пријатели, но малку беа прикажувани сами (исклучок беше една епизода). Генерално го поминуваа времето на многуте работи што Бренда, Брендон и подоцна Валери ги правеа. Како шоуто влегуваше во деновите на колеџ а ликовите пораснаа, Џим и Синди беа ставени далеку во позадина, сведувајќи ги нивните потреби за родителски пропусти. Следени од петтата сезона, двата лика го напуштаат Беверли Хилс и заминуваат во Хонгконг, повремено појавувајќи се како гости во шеста, седма и осма сезона. Иако се мислеше дека сите Волшови го напуштија шоуто, нивниот дом продолжи да игра главна улога во серијата. Ова се објасни откако Брендон му кажа на Стив дека неговите родители му дадоа зелено светло за Стив да продолжи да живее во нивната куќа.
Лук Пери
Лук Пери го напушти Беверли Хилс кон почетокот на шестата сезона. Ликот на Лук Пери, Дилан Меккеј планира да се ожени со Антониа Маршет (Ребека Гејхарт) ќерка на шеф на банда (Стенли Камел) кој го нарачува убиството на таткото на Дилан во третата сезона. На почетокот Дилан сакаше да ја искористи Антониа за да стигне до нејзиниот татко, но се заљубува во неа. Бидејќи нејзиниот татко не е задоволен од идејата неговата ќерка да се омажи за Дилан, нарачува и тој да биде убиен. Изнајмува платен убиец да го убие Дилан, но не сакајќи ја убива Антониа која ја вози колата на Дилан за време кога убиството било испланирано. Дилан е скршен и решава да го напушти градот. За време на сезоната каде Пери е отсутен, објаснето е дека Дилан се смирил со Бренда и заминува со неа во Лондон. Пери се враќа во деветтата сезона на шоуто, но како специјален гостин. На плажа и признава на Кели дека се вратил бидејќи му фалеле пријателите, но најмногу бидејќи му фалела таа.
Џејсон Присли
Џејсон Присли го напушта шоуто на почеток на деветтата сезона. Но останува како извршен продуцент за 90210 до крајот на серијата. Во шоуто, Брендон сè уште закрепнува од прекинатата венчавка со Кели кога му е понудена работа во Вашингтон која ја прифаќа. Брендон беше последен член на фамилијата Волш кој го напушта Беверли Хилс, и единствена друга појава во серијата е видео за време на венчавката на Дона и Дејвид.
Тифани-Амбер Тисен
Тифани Тисен ја замени Шенон Доерти по нејзино напуштање во четвртата сезона. Тиесен ја играше Велери Мелон, стара пријателка на фамилијата Волш од Бафало, Њујорк која се сели во старата соба на Бренда. Додека Валери е назначена како замена за Бренда, карактерите им се многу различни, па поради тоа Валери има лоша врска со повеќе учесници за време на нејзиниот престој во шоуто. Валери го напушта Беверли Хилс брзо по Брендон, кажувајќи дека ќе се врати во Бафало. Се враќа на крајот на серијата за свадбата на Дона и Дејвид.
Развој
Пробните наслови за шоуто вклучувајќи го и Класот од Беверли Хилс и Потомак 20854, со ѕвезди во вистинско средно училиште, средно училиште Винстон Черчил во Потомак, Монтгомери, Мариленд-училиште со слична демографија на средното Беверли Хилс. Епизодите на шоуто се оригинални теми, сè додека продуцентот не одлучи шоуто да стане тинејџерска сапунска опера. Џени Гарт била на аудиција пет пати за улогата на Кели Тејлор и прва која беше сместена во шоуто. Габриел Картерис чувствувала дека е премногу стара да игра средношколски студент. Прво се пријавила за Бренда бидејќи мислела дека вистинскиот живот како близначка ќе и помогне, но продуцентот сметал дека подобра ќе биде во ликот на Андреа. Кога Тори Спелинг се пријави за шоуто, го користеше името Тори Мичел и се прија за улогата на Кели, но беше препознаена и ја доби улогата на Дона Мартин. Лимен Вард на почетокот го играше Џим Волш во пилотската епизода, но беше сменет со Џејмс Екхаус, и сцените беа исечени и преснимувани со Екхаус. Кристин Датило исто така се пријави за ликот на Бренда, но беше одбиена. Подоцна ќе гостува како Мелиса Кулиџ во епизода од првата сезона. Лук Пери се пријавил за улогата на Стив Сандерс, но веќе била дадена на Ијан Зиеринг. Имал намера да се појави само во една или две епизоди. Фокс на почетокот сакал да го вклучи во редовни, но Арон Спелинг чувствувал ралично и му доделил поголема улога за време на првите две години. Во првата сезона, кога Дона пробува да стане училиштен диџеј, наведена е како Дона Морган. Низ целата серија, нејзино име е Дона Мартин. Поради ова, мајката на Дона се викаше Ненси Мартин а ја играше глумицата Џордана Капра. Кога таа повторно беше воведена во втората сезона, се викаше Фелис мартин а ја играше глумицата Ен Гилспи до крајот на серијата. Теренс Форд и Артур Брукс го претставуваа таткото на Дилан, Џек Меккеј, во две епизоди пред Џош Тејлор да ја преземе улогата.
Снимање
Серијата е направена во Van Nuys, Калифорнија. Во текот на 10 години додека серијата се правеше беше снимано комплекс на куќи во Van Nuys, надворешноста и внатрешноста на Пич Пит, паркингот и П.П.А.Д влезот на клубот сите беа сместени на блокот 15000 на улица Calvert во Van Nuys, Калифорнија. Необележан студиски влез сега се наоѓа на оваа адреса, но надворешноста циглена фасада на П.П.А.Д е сè уште видлива во сокакот. Студискиот зграден комплекс од тогаш е дом на различни проекти вклучувајќи ја сетијата Јерико, каде како гост се појави Џејмс Екхаус во една епизода. До февруари, 2010 серијата Melrose Place исто така е снимена во оригинално 90210 Калверт студио. Пост-продукциски услуги за Беверли Хилс 90210 беа под LaserPacific за сите сезони. Многу промени беа направени по пилотската епизода. Продуцентите прво користеа локација која беше користена само еднаш во пилотска епизода за куќата на Волш која се наоѓаше во Брентвуд, Калифорнија. По пилотската епизода куќата на Болш беше преместена во Алтадена, Калифорнија. Куќата користена како дом на Дилан во шоуто исто така се наоѓаше на Алтадена, Калифорнија, во исто соседство со домот на Волш. Три различни локации се искористени за предниот дел на Пич Пит во десетгодишната историја на шоуто. Оригинална локација беше користена само во првите неколку епизоди во првата сезона, булеварот Пико во Лос Ангелес. Беше сменетп на различна локација за останата прва сезона. Кога Пич Пит измислено беше демолиран во втората сезона, продуцентот го искористи Rose City Diner во Пасадена, Калифорнија да ја сними надворешноста за мафијашките состаноци, кое останува понатаму. Клубот Беверли Хилс на плажа се наоѓаше во Санта Моника, Калифорнија. Клубот на плажа искористен во шоуто беше исто место кое беше користено за една летна сезона на Saved by the Bell. Средното училиште Беверли Хилс всушност е сместено во поштенскиот број 90210. Има три поштенски броја во Беверли Хилс и најбогати домови се наоѓаат во 90210, но средното учулиште не беше. Како и да е, ликовите посетуваа целосно измислено Западен Беверли средно училиште, кое би можело да се наоѓа во било кој поштенски број. Снимањето на Западен Беверли средно училиште беше во Торенс, Калифорнија и Торенс средно училиште сместено во поштенски број 90501. Средното училиште Торенс исто така може да биде видено и во други шоуа како Buffy the Vampire Slayer. Ликовите подоцна почнаа да го посетуваат измислениот универзитет Калифорнија во четвртата сезона, и сцените околу универзитетскиот двор всушност беа снимени на Оксидентал колеџ во Егл Рок, Калифорнија. Куќата на плажа на Кели и Дона користена во шоуто е сместена на плажата Хермоса, Калифорнија. Ранчот Golden Oak надвор од Санта Кларита, Калифорнија исто така беше искористен за снимање
Навигатор
Навигаторската епизода покажува како Брендон и Бренда возат кон Западен Беверли на нивниот прв училиштен ден. Насловната карта се покажува на екранот како повеќе видеа од Беверли Хилс се покажани. Во оваа епизода недостасува само Лук Пери, кој првото појавување го има во следната епизода „Зелена соба„. Користената музика подоцна е употребена во 2 и 3 сезона, и беше составена од Џон Д.Дејвис.
1 сезона