Фолкландската војна (англ. The Falklands War; шпан. Guerra de las Malvinas/Guerra del Atlántico Sur) се водела помеѓу Аргентина и Обединетото Кралство за спорните Фолкландски острови, Јужна Џорџија и Јужните Сендвички острови. Фолкландските острови се состојат од два големи и повеќе мали острови во јужниот Атлантик источно од Аргентина. Името и суверенитетот на островите се спорни долго во историјата.
Војната била предизвикана од окупацијата на Јужна Џорџија од страна на Аргентина на 19 март 1982, а потоа и на Фолкландите, а завршила кога Аргентина се предала на 14 јуни истата година. Војната не била објавена од ниедна од страните. Првобитната инвазија од Аргентина била објаснета како враќање на сопствената територија, а од страна на Британија била сметана за инвазија на британска прекуморска територија.
Во времето пред војната, Аргентина била зафатена од голема економска криза и граѓански немири против воената хунта која владеела од 1976. Аргентинската воена власт настојувала да ја задржи моќта преку пренасочување на вниманието на јавноста на вековниот спор со Британија околу суверенитетот на островитеhttp://www.me.gov.ar/curriform/publica/sirlin_conv_dictadura.pdf Argentine Government, но не очекувала дека Британија ќе одговори со воена сила."" ("This was neither about national pride nor anything else.The junta —Galtieri told me— never believed the British would respond. He thought the Western World was corrupt. That the British people had no God, that the US was corrupt… I could never convince him that the British would not only fight back but also win [the war].")
Суверенитетот на Фолкландските острови е предмет на тензии кој ескалирал кога на 19 март група најмени аргентински трговци го истакнале знамето на Аргентина на Јужна Џорџија, што подоцна било сметано за првиот офанзивен акт во војната. Аргентинската воена хунта, сметајќи дека Британија може да го засили военото присуство во јужниот Атлантик, ја наредила инвазијата на островите за 2 април.
Веста за инвазијата најпрво стигнала во Британија преку аматерско радио.BBC NEWS | UK | How BBC man scooped invasion news Британија најпрво била изненадена од нападот на Аргентина, и покрај повеќекратните предупредувања од своите морнарички офицери за можната инвазија. Само неколку недели подоцна, Британците започнале поморска и воздушна офанзива, и за кусо време ги зазеле островите и ги заробиле сите аргентински војници што биле стационирани на нив.
Аргентина сè уште и понатаму ги смета островите за свои, кои ги нарекува Малвински.Argentina for Falklands Sovereignty Prensa Latina Latin America New Agency accessed 21 June 2007
Политичките ефекти од војната биле силни и во двете земји, со бранови на патриотизам: поразот во Аргентина предизвикал уште поголеми протести против воената власт, која конечно и паднала; во Британија воената победа предизвикала силна поддршка за владата на Маргарет Тачер и нејзин повторен избор на парламентарните избори во 1983.
Наводи
Категорија:Историја на Обединетото Кралство Категорија:Историја на Аргентина Категорија:Војни на Обединетото Кралство