Бостон Селтикс () е кошаркарски клуб од Бостон кој настапува во НБА лигата, во Атлантската дивизија. Домашен терен на Селтикс е „ТД Бенкнорт Центар“ во Бостон, Масачусетс. Селтикс се најуспешниот тим/организација во НБА лигата со 17 освоени титули.Team Index , basketball-reference.com. Проверено на 25 август 2009. Второто место го заземаат Лос Анџелес Лејкерс со 16.

Селтикс се основани во 1949 и после една сезона во Кошаркарска Асоцијација на Америка (БАА), настапуваат 59 години во НБА лигата. Предводени од легендарниот тренер Ред Оербах, првата титула ја освоија во 1957. Од 1959 до 1969, во тек беше првата династија на Селтикси, и со легендарни играчина чело со Бил Расел, освоија 11 титули во 13-те сезони што Расел ги одиграл. Втората династија беше во 80-те, со играчи како Лери Брд, Кевин Мекхјел и Роберт Париш, освоија титули во 1981, 1984 и 1986, во луто соперништво со Лејкерси предводени од Меџик Џонсон.„Most Valuable Player Award Winners“ basketball-reference.com. Проверено на 16 јули 2009. Двете династии беа поврзани со млад тим, предводен од Дејв Кавенс, кои освоија титули во 1974 и 1976.

Во НБА сезоната 2007/08, Селтикс ја вратија титулата во Бостон после 22 години. Тој преоден рок во тимот била доведена „големата тројка“ сочинета од Реј Ален, Пол Пирс и Кевин Гарнет. Во почетната петорка играле уште Кендрик Перкинс и Рејџон Рондо, кој подоцна прераснал во најголема ѕвезда на екипата. Во НБА финалето 2008 ги победиле лутите соперници ЛА Лејкерс со резултат 4-2. Во сезоната 2009/10 овие два тима повторно играле во финалето, но овој пат Лејкерс славеле со 4-3 во последната серијата.

Состав Име Години Држава Височина ПозицијаЏејлен Браун 25 1.98м бек/крилоСам Хаузер 24 2.01м крилоАл Хорфорд 35 2.06м Центар/Крилен ЦентарЛук Корнет 26 2.18м ЦентарЕрон Несмит 22 1.96м бек/крилоПејтон Причард 24 1.85м плејмејкерМаркус Смарт 27 1.93м плејмејкер/бекЏејсон Тејтум 23 2.03м крило/Крилен ЦентарДаниел Таис 29 2.06м Крилен ЦентарБродрик Томас 25 1.96м бекДерик Вајт 27 1.93м бек/плејмејкерГрeнт Вилијамс 23 1.98м крилоРоберт Вилијамс 24 2.06м Центар/Крилен Центар

Наводи

Надворешни врски

Соперништвото Селтикс-Лејкерс Бостон Селтикс на Sportsecyclopedia.com Историјат на Бостон Селтикс Статистика на Бостон Селтикс

Категорија:Клубови во НБА Категорија:Бостон Селтикс