Maлото Јажинско езеро (српски: Мало Јажиначко језеро) е ледничко езероRista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina. и едно од 27-те на Шар Планина. Заедно со Големото Јажинско езеро ги сочинуваат Јажинските езера Името го добиле по селото Јажинце, кое се наоѓа веднаш под нив на самото подножје на планинатаКузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово. Се наоѓа на 2.200 m надморска висина. Долго е 43, а широко е 29 метри. Длабоко е преку 3 метри, но само кога има висок водостој. Обемот на езерскиот брег изнесува 170 mЖивко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 50. Се наоѓа на карпест басен, речиси без никакво зеленило. Опколено е со големи карпи. Езерото се храни со вода од внатрешни извори кои се многу студени (1°С). Во околината ила голем број на ледници кои исто така го хранат езерото со вода. Водата е бистра и проѕирна до самото дно. Интересно е тоа што ова езеро има остров, но при помал водостој станува полуостровДушан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година.

Поврзано Големо Јажинско езеро

Наводи

Категорија:Шарпланински езера Категорија:Јажинце