Летните олимписки игри во Антверпен се одржале во 1920 година и биле официјално седми, но фактички шести одржани олимписки игри. Тоа е поради броењето и на неодржаните Летни олимписки игри во Берлин во 1916 година. Организацијата на игрите била доделена на градот Антверпен во чест на жртвите и насилството на белгискиот народ за време на Првата светска војна. Друга можност била игрите да се одржат во Будимпешта.

Игрите не биле одржани во Берлин што требало но не се случило 4 години пред тоа како казна за земјите губитнички во Првата светска војна поради нарушувањето на светскиот мир. На таа одлука многу влијаеле и одлуките од Версајскиот договор.

Организацијата на игрите била доделена на градот Будимпешта кој во трката ги победил Амстердам и Лион, но бидејќи Австроунгарија била сојузник на Германија и била поразена во војната и таа се соочила со истата казна како и Берлин.

Ретроспектива

На овие Олимписки игри за првпат била дадена Олимписка заклетва и за првпат било завеано Олимпиското знаме. На игрите имало итн. „зимска седмица“ во која имало натпревари во уметничко лизгање и хокеј на мраз. Дјук Каханамаку успеал да ја одбрани Олимписката титула на 100m во пливање освоена на Летните олимписки игри - 1912. Недо Нади освоил 5 златни медали во мечување. Шведскиот натпреварувач во срелаштво на дивеч Оскар Сван победил во тимскиот настап со што со 72 години станал најстариот освојувач на Олимписки медал на сите времиња. Се појавил легендарниот фински атлетичар Паво Нурми со победите на 10.000m и 8.000m, освоил злато и во тимска конкуренција и сребро на 5.000m. За првпат Олимписките игри биле одржани натпревари во две држави. Два финални натпревари во едрење се одржале во Холандија од едноставна причина што имало само двајца натпреварувачи, а и двајцата биле Холанѓани.

Спротови

Стрелаштво Атлетика Бокс Велосипедизам Скокови во вода Коњички спортови Мечување Уметничко лизгање Фудбал Гимнастика Хокеј на трева Хокеј на мраз Современ петобој Поло Веслање Рагби Едрење Стреличатрство Пливање Тенис Влечење со јаже Ватерполо Подигање тегови Борење

Демонстративни спортови

Корфбол

Земји-учеснички

thumb|240px|Учесницци, зелена- земји- учеснички коишто претходно учествувале, сино- земји- учеснички коишто учествуваат за првпат На Летните олимписки игри - 1920 во Антверпен учествувале 29 нации, за една повеќе од оние во Стокхоилм во 1912 година. Германија, Австрија, Унгарија, Бугарија и Турција не учествувале бидејќи ја загубиле Првата светска војна и го нарушиле светскиот мир. Од новосоздадените држави се натпреварувале само Естонија и Чехословачка на местото од Бохемија. Кралството СХС, Бразил и Монако дебитирале на Олимписките игри, а за првпат самостојно настапил и Нов Зеланд по заедничкото учество со Австралија во 1908 и 1912 година.

Аргентина Австралија Белгија Бразил Канада Чиле Чехословачка Данска Египет Естонија Финска Франција Велика Британија Грција Индија Италија Јапонија Луксембург Монако Холандија Нов Зеланд Норвешка Португалија Јужноафриканска Република Шпанија Шведска Швајцарија САД Кралство СХС

Освојувачи на медали

1 20п САД 412727952 20п Шведска 192025643 20п Велика Британија 151513434 20п Финска 15109345 20п Белгија (домаќин) 141111366 20п Норвешка 1399317 20п Италија 1355238 20п Франција 91913419 20п Холандија 4251110 20п Данска 39113 Наводи

Надворешпни врски

МОК Антверпен 1920