8- те Летни олимписки игри се одржале во Париз во 1924 година. Градот Париз бил избран по вторпат за домаќин на Летните олимписки игри по 1900, а во конкуренција биле ои градовите Амстердам, Берлин, Лос Анџелес, Рио Де Жанеиро и Рим.

Трошоците на игрите биле проценети на 10.000.000 франци, а според некоја потврда вкупниот износ изнесувал 5.496.610 франци. Се знае и дека за време на одржувањето на игрите во Париз пристигнале околу 60.000 луѓе.

Ретроспектива

left|thumb Церемонијата на свечено отворање се одржала на Олимпискиот стадион Ив ду Маноа со капацитет од 4- те 45.000 гледачи. 8-те Летни олимписки игри се последни организирани од Пјер де Кубертен како претседател на Меѓународниот олимписки комитет. „Летечките Финци“ доминирале на долгите атлетскји поатеки, а Британците и Американците на пократките. Паво Нурми победил во трките на 1500m и 5000m и крос- кантри трката. Виле Ритола победил во трките на 10000m и 3000m со пречки, а завршил втор во трката на 5000m и крос- кантри трката. Албин Стенрус победил во маратонот, додека финскиот тим (Нурми и Ритола) победиле во тимската трка на 3000m со пречки и крос- кантри тимската трка. Британецот Харолд Абрахамс победил на 100m, а неговите сонародници Ерик Лидел на 400m и Даглас Лов на 800m. Должината на маратонската трка била утврдена на 42.195 км што е трчана на Летните олимписки игри - 1908 во Лондон. Пливачот Џони Вајсмилер освоил 3 златни медали во пливање и бронза во ватерполо. Мечувачот Рожер Дукре од Франција освоил 5 медали од кои 3 биле златни. Во гимнастичките натпревари во машка конкуренција дури 24 натпреварувачи биле оценети со 10. Од нив 23 во качување по јаже, а гимнастичарот Алберт Сегвин покрај оценката 10 во качување со јаже, бил единствен којшто добил десетка во друга дисциплина, прескок на страна. Ирска за првпат на Олимписките игри учествувала како независна држава. За првпат било употребено Олимпиското мото "Citius, Altius, Fortius" (побрзо, Повисоко, Посилно). За првпат за Олимписките игри се изградило Олимписко село.

Спортови

thumb|350px|Целосна карта на сите Олимписки случувања

Атлетика Бокс Велосипедизам Скокови во вода Коњички спортови Мечување Фудбал Гимнастика Современ петобој Поло Веслање Рагби Едрење Стрелаштво Пливање Тенис Ватерполо Подигање тегови Борење

Демонстрациони спортови

Баскиска пелота Кано Игри со паума Кан Сават

Земји-учеснички

thumb|240px|Учесничски, зелено- земји-учеснички кои и претходно учествувале на Олимписките игри, сино- земји-учеснички кои за првпат учествуваат На Олимписките игри во Париз во 1924 година се натпреварувале спортисти од 44 земји. Германија повторно отсуствувала, а не ни била поканета од Меѓународниот олимписки комитет. Дебитанти на Олимписките игри биле Еквадор, Хаити, Ирска, Литванија, Филипини и Уругвај. Дебитанти на Летните олимписки игри биле и Латвија и Полска, но не и дебитанти на Олимписките игри воопшто бидејќи учествувале на Зимските олимписки игри - 1924 во Шамони.

20pxАргентина 20pxАвстралија 20pxАвстрија 20pxБелгија 20pxБразил 20pxБугарија 20pxКанада 20pxЧиле 20pxКуба 20pxЧехословачка 20pxДанска 20pxЕквадор 20pxЕгипет 20pxЕстонија 20pxФинска 20pxФранција 20pxВелика Британија 20pxГрција 20pxХаити 20pxУнгарија 20pxИндија

20pxЛатвија 20pxЛитванија 20pxЛуксембург 20pxМексико 20pxМонако 20pxХоландија 20pxНов Зеланд 20pxНорвешка 20pxФилипини 20pxПолска 20pxПортугалија 20pxРоманија 20pxЈужноафриканска Република 20pxШпанија 20pxШведска 20pxШвајцарија 20pxТурција 20pxСАД 20pxУругвај 20pxКралство СХС

Освојувачи на медали

1 20п САД 452727992 20п Финска 141310373 20п Франција (домаќин) 131510384 20п Велика Британија 291312545 20п Италија 1835266 20п Швајцарија 7810257 20п Норвешка 523108 20п Шведска 41312299 20п Холандија 4151010 20п Белгија 37313 Наводи

Надворешни врски

МОК Олимписки игри Париз 1924 освојувачи на медали Слика на олимпискиот стадион во Кломб Историја на олимпискиот стадион слики од церемонијата на отворање на Летните олимписки игри - 1924 во Париз