мини|Потписот на Дрејк Сер Френсис Дрејк (; ~1540 – 27 јануари 1595) — англиски морепловец, гусар, трговец со робје, вицеадмирал и политичар од елизабетанската епоха. Кралицата Елизабета I му доделила витештво на Дрејк во 1581. Бил втор по команда на англиската флота против шпанската армада во 1588, потчинувајќи се само на Чарлс Хавард и на кралицата. Починал од дизентерија во јануари 1596 г.Според англискиот календар кој бил тогаш во употреба, датумот на смртта на Дрејк бил 27 јануари 1595 г, но новата година почнувала на 25 март по неуспешниот напад на Сан Хуан во 1595.
Неговите достигнувања биле легендарни, правејќи го херој меѓу Англичаните, но пират меѓу Шпанците, меѓу кои бил познат како El Draque, „Змејот“. Неговото име на латински било Franciscus Draco.Во 1590 неговото име било објавено на латински како Franciscus Draco: Теодор де Бри . Кралот Филип II понудил награда од 20.000 дукатиКаминс, Џон, Francis Drake: The Lives of a Hero, 1996, Palgrave Macmillan. ISBN 0312163657 (околу 4,5 милиони денешни евра) за неговиот живот.
Познат е исто така по тоа што го обиколил светот по морски пат (1577 - 1580).
Рани години thumb|left|Минијатура на Дрејк на 42-годишна возраст, изработена од Николас Хилијард во 1581
Френсис Дрејк е роден во парохијата Краундејл, една милја јужно од Тависток, Девон, во февруари или март 1540.Тарнер, Мајкл. (2005). In Drake's Wake - The Early Voyages, издавачка куќа Paul Mould. ISBN 978-1904959212 Тој бил најстариот од дванаесетте синовиТомсон, Џорџ Малком (1972), ‘Sir Francis Drake’, William Morrow & Company Inc. ISBN 978-0436520495 на Едмонд Дрејк (1518–1585), Протестантски земјоделец кој подоцна станал проповедник, и неговата жена Мери Милвеј. Најстариот Дрејк е честопати поистоветуван со неговиот внук Џон Дрејк (1573–1634), кој бил син на постариот брат на Едмонд, Ричард Дрејк. Дедо на Френсис по мајчина страна бил Ричард Милвеј. Френсис Дрејк се венчал со 1: Мери Њуман; со 2: Елизабет Сиденхам.
Френсис бил именуван по неговиот кум Френсис Расел, втор Ерл од Бедфорт,Tudor Place - биографија на Френсис Дрејк и по неговата блиска крвна врска со круната по братучедите, како Сер Ричард Гренвил, Ајвор Калеи, Ејми Гренвил и Џеври Часер.
Како и со повеќето Дрејкови современици, неговиот датум на раѓање не е познат, но се претпоставува дека е роден во 1534 или 1540.Издание од 1921/22 на Dictionary of National Biography, кој ја цитира книгата на Бароу Life of Drake (1843) стр. 5.
За време на Востанието на молитвената книга во 1549, неговото семејство било принудено да пребегне во Кент. Пред да наполне 13 години, Дрејк ја започнал својата морска кариера станувајќи чирак на екипажот на трговска барка која што сообраќала на Темза и преку-каналните пристаништа. Станал сопственик-капетан на бродот на 20 години по смртта на претходниот капетан, кој му го подарил бродот. На 23-годишна возраст, Дрејк го направил своето прво патување до Новиот Свет, пловејќи во друштво на неговиот втор братучед, Сер Џон Хокинс.
Во 1569 повторно бил во флотата на Хокинс, кога била заробена од Шпанците во мексиканското пристаниште Сан Хуан де Улуа. Успеал да побегне заедно со Хокинс, но се вели дека тоа што го доживеал таму го натерало доживотно да се одмаздува на Шпанците.
Обиколувајќи го светот Тихиот Океан
Во 1577 Елизабета I го испратила Дрејк да започне експедиција против Шпанците на тихоокеанскиот брег на Америките. Тргнал од Плимут на 15 ноември 1577, но набргу ги зафатило лошо време и биле приморани да се засолнат во Фалмаут, Корнвол, откаде што се вратиле во Плимут за поправки. Повторно запловиле на 13 декември, на бродот Пеликан, со други пет бродови и екипаж од 164 луѓе. Наскоро флотата пораснала со шести брод, Мери (старо име Санта Марија) која што била одземена од Шпанците.
Флотата на Дрејк претрпела доста штети; ги загубил Кристофер и Свон поради загуба на екипаж во прекуатлантското патување. Во Сан Хулијан, Аргентина, било увидено дека Мери е изгниена, и била изгорена. По судењето и погубувањето на Томас Даути, Дрејк одлучил да ја помине зимата во Сан Хулијан пред да се впушти низ Магелановиот Проток.
Трите негови бродови запловиле кон Магелановиот Проток. Неколку недели подоцна (септември 1578) Дрејк излегол на Тихиот Океан, но силните бури уништиле еден од бродовите и тоа го приморало повторно да се врати во Англија, оставајќи го неповреден само Пеликан. По преминот Пеликан пловел на југ и Дрејк, како и морепловците пред него, најверојатно достигнал латитуда од 55° (според астрономските податоци наведени во хеклутовата "Основни навигатори" од 1589) околу Чилеанскиот брегВагнер, Хенри Р., Sir Francis Drake's Voyage Around The World: Its Aims And Achievements, издавачка куќа Kessinger Publishing, LLC, 2006, ISBN 1-428-62255-1. И покрај општоприфатеното мислење, се смета дека не го достигнал ’ртот Хорн или по него наречениот Дрејков Премин, поради тоа што неговите описи не соодветствуваат со првоспоменатиот и неговите сопатници одрекле дека виделе отворено море.Келси, Хери, Sir Francis Drake; The Queen's Pirate, издавач: Yale University Press, Њу Хејвен, 1998, ISBN 0-300-07182-5
Пред пристигнувањето на брегот на Перу, Дрејк го посетил островот Моча каде што бил сериозно ранет од домородците Мапуче. Подоцна го ограбил пристаништето Валпараисо уште по на север во Чиле.
Дејство со последици Близу Лима, Дрејк заробил шпански брод кој носел 25.000 пезоси од перуанско злато, со вкупна вредност од 37.000 дукати шпански пари (околу £7 милиони по денешни стандарди). Дрејк исто така дошол до информации за бродот Nuestra Señora de la Concepción, којшто пловел на запад кон Манила. Подоцна бродот бил наречен Какафуего. Дрејк се впуштил во лов и го заробил бродот, дејство кое се покажало како нивно најпрофитабилно заробеништво. На Nuestra Señora de la Concepción, Дрејк нашол 36 килограми злато, златно едно распетие, накит, 13 ковчези полни со кралски плочки и 26 тони сребро. Овој улов имал далекусежни последици затоа што шпанскиот брод, кој бил пресретнат како плови на запад во Тихиот Океан, му разоткрил на целиот свет дека во 1580-тите дека Шпанците биле присутни во Далечниот Исток, концесија дадена на Португалците од Папата. Тоа го приморало Филип II да ја нападне Португалија во 1580-та за да ја преземе португалската круна.Чарлс Веренберг, Before New York, издавачка куќа Solo Zone, Сан Франциско, 1995/2001, ISBN 1-886163-16-2
Нов Албион
thumb|350px|Впловувањето на Дрејк во Калифорнија, гравура објавена во 1590 од Теодор де Бри. На 17 јуни 1579, Дрејк се истоварил некаде северно од најсеверната шпанска територија Поинт Лома. Нашол добро пристаниште, се истоварил, ги обновил залихите, се репарирал, и останал извесно време одржувајќи пријателски односи со месното население. Ја побарал земјата во името на Св. Троица за англиската круна и ја нарекол Нов Албион.Џон Каминс, Francis Drake: The Lives of a Hero 1997:118: „Со оглед на дадената важност во разните верзии за крунисувањето на Дрејк би било чудно доколку основањето на оваа колонија останело неспоменато."
Точната локација на пристаништето била чувана од Шпанците и се претпоставува дека неколку од картите на Дрејк биле намерно изменети поради оваа причина. Сите податоци за патувањето како дневници, слики и карти се изгубени кога изгорел дворецот Вајтхол во 1698.
Самуел БолфР. Самуел Болф, The Secret Voyage of Sir Francis Drake: 1577-1580 (издавачка куќа Walker Publishing) 2003. тврди дека „Нов Албион“ бил основан во Комокс на островот Ванкувер, за време на едно недокументирано „тајно патување“ кон север. Познато е дека Дрејк и неговиот екипаж отпловиле северно од Нов Албион во потрага на западен излез кон северниот пролаз. За време на патувањето морнарите направиле доста точни карти на северозападниот агол на Северна Америка, денешни Британска Колумбија и Алјаска. Тие имале тешко патување помеѓу островите на полустровот Алјаска, и студеното време ги приморало да отстапат и да се вратат назад.
Болф тврди дека бродот на Дрејк стигнал до 56° латитуда на север, многу подалеку на север отколку што било запишано. Причината за овој лажен запис, пишува Балф, имала политичка позадина: натпреварувањето со Шпанците во Америките. Кралицата Елизабета сакала да сокрие секаква информација за тајната на северозападниот прелаз, што резултира денес локацијата на Нов Албион и на највисоката латитуда која ја достигнала експедицијата да е сè уште контроверзна.
Братот на Дрејк поминал долго и тешко време во заробеништво во Јужна Америка во раце на Шпанците кои сакале да изнудат информации од него за патувањата и местоположбата неговиот брат.
Неговото патување во Северна Америка е важно поради бројни причини. Кога се истоварил, неговиот црковн слуга одржал света миса; ова е една од првите протестанстки црковни дејствија во Новиот Свет. Се сметало дека Дрејк добива престиж на сметка на Папството.
Продолжување на патувањето thumb|left|upright|Современа реплика на Дрејковиот брод „Златна лаѓа“
Дрејк заполовил западно преку Тихиот Океан, и неколку месеци подоцна пристигнал до Молучките Острови, група острови во северозападниот дел на Тихиот Океан, во денешна источна Индонезија. Додека биле таму, „Златна лаѓа“ заринкала во гребен и била скоро загубена. По три дена чекање на поволна плима и исфрлање на товар, барката била ослободена. Дрејк и неговите луѓе станале пријатели со еден султан-крал и се вмешале во интриги со португалските власти таму.
Направил неколку застанувања за време на неговото патување до врвот Африка, го обиколил ’ртот Добра надеж и стигнал до Сиера Леоне на 22 јули 1580. На 26 септември „Златна лаѓа“ впловила во Плимут со Дрејк и 59 преостанати морнари, со богат товар од зачини и заробени шпански богатсва. Делот кој ѝ припаднал на Кралицата ги надминал сите други приходи на круната за целата година. Дрејк бил прославен како првиот Англичанец кој ја заобиколил Земјата (и второ такво патување кое успеало да се врати со барем еден неоштетен брод, по Елкановото од 1520). Дрејк бил прогласен за витез, но не од страна на кралицата Елизабета на „Златна лаѓа“, како што е општо- но погрешно прифатено. Нему всушност му било доделено витештво од страна на еден француски благородник наречен Мосје де Маршамон. На 4 април 1581, и во септември 1581, тој станал градоначалник на Плимут. Тој бил исто така член на парламентот во 1581 и во 1584.
Во 1580 Дрејк ја купил опатијата Букланд, голем благороднички имот близу Јелвертон во Девон. Таму живеел 15 години сè до неговото последното патување, и имотот останол во посед на неговото семејство во следните неколку генерации. Опатијата Бакленд е сега во раце на кралството, и во неа денес се изложени бројни артефакти од неговиот живот.
Кралицата наредила сите податоци за Дрејковото патување да се класифицираат како државна тајна, и учесниците во патувањето да се заколнат на тишина или да бидат погубени; нејзината цел била да ги сокрие активностите на Дрејк од очите на Шпанците. Исто така, имајќи ги предвид несогласувањата со Шпанија, на церемонијата на прогласувањето на витештвото, Елизабета I му го предала мечот на Маркизот на Маршамон, амбасадор од Франција, и го замолила да го прогласи Дрејк за витез. За време на Викторијанската ера, во духот на национализмот, приказната била раскажувана како Елизабета I да го прогласила за витез.Кут, Стефен, Drake: The Life and Legend of an Elizabethan Hero издавачка куќа Saint Martin's Press, Њујорк, 2003. ISBN 0-312-34165-2 thumb|upright|Портрет на Дрејк, од Маркус Џерардс, 1591 (Национален морски музеј, Гринич)
Шпанска армада
Избувнала војна меѓу Шпанија и Англија во 1585. Дрејк отпловил кон Новиот Свет и ги ограбил пристаништата Санто Доминго и Картагина. Во повратниот дел од патувањето, ја освоил шпанската тврдина Сан Аугустин во Шпанска Флорида. Овие подвизи го охрабриле Филип II да нареди план за инвазија на Англија.
Ненадејниот напад на Кадис