Бошко Станковски (Брусник, Битолско, - ) — македонски политичар, претседател на Собранието на СРМ.

Животопис Станковски е роден е на 26 октомври 1925 година, во селото Брусник, Битолско. Учесник е во НОБ и е носител на Партизанска споменица 1941. Бил член на СКОЈ од јануари 1941 година, а член на КПЈ - од ноември 1943 година.

Бил член на Секретаријатот на Републичкиот совет на Сојузот на синдикатите на Македонија, секретар на Извршниот комитет на ЦК на СКМ, претседател на Републичката конференција на ССРНМ, член на Претседателството на ЦК на СКМ. На Осмиот конгрес на СКЈ бил избран за член на СК на СКЈ.

Уште како млад, Станковски бил вклучен во активностите на Народноослободителниот младински сојуз, поради што бил избран за член на Секретаријатот на Главниот одбор на НОМС, а подоцна бил избран за претседател на Главниот одбор. Од 1947 до 1948 година е слушател на средната партиска школа на ЦК СКМ, а потоа во 1951/1952 година бил наставник и заменик на директорот на таа школа. Во учебната 1952/1953 и 1953/1954 година студира на Институтот за општествени науки во Белград. Од 1960 до 1962 година е именуван за раководител на Марксистичкиот центар на ЦК СКМ.

На 28 април 1982 година е избран за претседател на Собранието на Социјалистичка Република Македонија. Оваа функција ја извршува до 28 април 1984 година. Трагично го загубил животот на 13 март 1987 година.

За повеќегодишната општествено-политичка активност Бошко Станковски е носител на повеќе признанија: Орден на Републиката, Орден на трудот со црвено знаме, Орден братство и единство со сребрен и со златен венец и Орден за храброст. Има добиено и неколку одликувања од странство.

Наводи

Категорија:Луѓе од Брусник (Битолско) Категорија:Починати во Скопје Категорија:Претседатели на Владата на СР Македонија Категорија:Претседатели на Собранието на Македонија Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Членови на уставотворното собрание на Народна Република Македонија