Четврта македонско-римска војна — водена во периодот од 150 п.н.е. до 148 п.н.е. Тоа било војна помеѓу Македонија и Римската Република. Причина за војната бил обидот на Андриск да го заземе македонскиот престол, сметајќи се себеси како син на Персеј, последниот македонски крал. Андриск бил поразен во Битката кај Пидна во 148 п.н.е. После две години Македонија станала римска покраина.

Категорија:Македонско-римски војни Категорија:Војни на Античка Македонија