17-те Летни олимписки игри се одржале во Рим во 1960 година. Рим требало да биде домаќин на Летните олимписки игри - 1908, но поради ерупцијата на вулканот Везув во 1906, игрите биле префрлени во Лондон. На 15 јуни 1955 на 50-тата сесија на МОК во Париз, Рим ги победил останатите конкуренти, градовите Лозана, Детроит, Будимпешта, Брисел, Град Мексико и Токио.

Резултати од изборот за град-домаќин на Летните олимписки игри - 1960 Град ЗемјаПрв кругВтор кругТрет кругРим 20п Италија152635Лозана 20п Швајцарија142124Детроит 20п САД611-Будимпешта 20п Унгарија81-Брисел 20п Белгија6--Град Мексико 20п| Мексико6--Токио 20п Јапонија4--

Краток преглед

Советските гимнастичарки освоиле 15 од можни 16 златни медали во гимнастика во женска конкуренција. Данискиот веслач Паул Елвстром го освоил својот четврти златен медал во финска класа на четвртите Летни олимписки игри. Тоа го оствариле уште и Ал Ертер и Карл Луис, а доколку се сметаат игрите одржани во Атина во 1906 за Олимписки тоа го остварил и Реј Еври. Финскиот стрелец Вилхо Љонен погодил погрешно биково око и паднал од втората на четвртата позиција. Унгарскиот мечувач Аладар Геревич го освоил својот шести златен медал во сабја во тимска конкуренција на шестите различни Олимписки игри. Тоа го сторил пред тоа на Летните олимписки игри - 1932, 1936, 1948, 1952, 1956. Вилма Рудолф, поранешен играч на поло освоила 3 златни медали во спринтерските трки. Абебе Бикила победил на маратонот којшто го истрчал бос со што станал првиот африкански црнец кој победил на Олимписката делница од 42 км 195m. Касиус Клеј, подоцна попознат како Мохамед Али освоил златен медал во бокс во лесна супертешка категорија. Јапонскиот машки гимнастички тим го освоил првиот од петте последователни златни медали. Јужноафриканската Република настапила за последен пат под режимот на апартхејдот. Земјата на игрите ќе отсуствува сè до Летните олимписки игри - 1992 одржани во Барселона кога ќе настапи под новиот државен режим. Шведскиот натпреварувач во кано Герт Фредриксон го освоил својот шести златен медал на Олимписките игри. Данскиот велосипедист Клуд Енемарк се онесвестил за времена велосипедската трка како влијание на амфитамини во телото по што откако бил префрлен во болница починал. Тоа било по вторпат еден спортист да умре настапувајќи на Олимписките игри по португалскиот маратонец Франсиско Лазаро на Летните олимписки игри - 1912 одржани во Стокхолм. Австралијанскиот атлетичар Херб Елиот победил во трката на 1500m со доминација која засекогаш ќе остане запаметена во Олимписката историја. Американскиот атлетичар Рафер Џонсон го победил во десетобој својот пријател Јанг Чуан Кванг. Питер Камехо којшто во 2004 беше кандидат за потпретседател на САД се натпреварувал за својата Венецуела. Пакистан ја победил Индија во хокеј на трева со што ја срушил индиската доминација којашто траела 6 Олимпијади од 1928 година. По три последователни сребрени медали, СФР Југославија со победата во финалето над Данска со 3-1 го освојува единствениот златен медал во фудбал на Олимписките игри. Кралицата Софија од Шпанија се натпреварувала за Грција во едрење. Џеф Фарел освоил 2 златни медали во пливање откако само 6 дена пред Олимписките квалификации имал апендекстомална интервенција.

Спортови

Атлетика Кошарка Бокс Кано Велосипедизам Скокови во вода Коњички спортови Мечување Фудбал Гимнастика Хокеј на трева Современ петобој Веслање Едрење Стрелаштво Пливање Ватерполо Подигање тегови Борење

Земји-учеснички

thumb|240px|Со сина боја се обележане земјите коишто дебитираат на Олимписките игри На Летните олимписки игри одржани во Рим во 1960 учествувале натпреварувачи од 84 земји. На игрите дебитирале Мароко, Сан Марино, Судан и Тунис. На игрите исто така требало да се појави и натпреварувач од Суринам со што и оваа земја би дебитирала на игрите, но тој се откажал, па на игрите всушност учествувале спортисти од 83 земји. Спортистите од Барбадос, Јамајка и Тринидад и Тобаго се натпреварувале во комбиниран тим (Британски Западни Инди). Спортистите од Источна и Западна Германија повторно се натпреварувале во комбинираниот олимписки тим Германија. Авганистан Аргентина Австралија Австрија Бахами Белгија Бермуда Бразил Гвајана Британски Западни Инди Бугарија Бурма Канада Цејлон Чиле Република Кина (Тајван) Колумбија Куба Чехословачка Данска Етиопија Фиџи Финска Франција Обединет тим на Германија Гана Велика Британија Грција Хаити Хонгконг Унгарија Исланд Индија Индонезија Иран Ирак Ирска Израел Италија Јапонија Кенија Кореја Либан Либерија Лихтенштајн Луксембург Малезија Малта Мексико Монако Мароко Холандија Холандски Антили Нов Зеланд Нигерија Норвешка Пакистан Панама Перу Филипини Полска Португалија Порторико Родезија Романија Сан Марино Сингапур Јужноафриканска Република Советски Сојуз Шпанија Судан Суринам Шведска Швајцарија Тајланд Тунис Турција Уганда Обединети Арапски Емирати САД Уругвај Венецуела Виетнам СФРЈ

Освојувачи на медали

1 20п СССР 4329311032 20п САД 342116713 20п Италија (домаќин) 131013364 20п Обединет тим на Германија 121911425 20п Австралија 886226 20п Турција 72097 20п Унгарија 687218 20п Јапонија 477189 20п Полска 46112110 20п Чехословачка 3238 Наводи

Надворешни врски Страна на МОК за Летните олимписки игри - 1960