Шлески јазик (ślůnsko godka, ślůnski, како и pů našymu) — словенски јазик на населението во областа Горна Шлеска во Полска. Јазикот исто така се зборува и во Чешка Република и во Германија. Во 2011 година околу 509 000Narodowy Spis Powszechny Ludności i Mieszkań 2011. Raport z wyników - Central Statistical Office of Poland луѓе се изјасниле дека зборуваат на силесијански јазик како мајчин јазик, но бројот на луѓе што го зборуваат јазикот е околу 1 250 000 луѓе. Силесијанскиот јазик е близок со полскиот јазик, па поради тоа од некои јазичари се смета како дијалект на полскиот јазик.
Азбука За пишување на силесијански јазик не постои само една азбука. Силесијанците за пишување на својот јазик користеле полска азбука. Во 2006 година беше воведена новата шлеска азбука, заснована на шлеските натписи (ги има околу 10). Јазикот и азбуката се доста користени на интернет, како и на силесијанската Википедија.
Големи букви ABCĆČDEFGHIJKLMNŃOPRŘSŚŠTUŮWYZŹŽ Мали букви abcćčdefghijklmnńoprřsśštuůwyzźž
Исто така се користат и диграфите:Ch, Dz, Dź и Dž.
Надворешни врски Википедија на шлески Вести на шлески Pů našymu – djalykt ślůnski kodyfikowůny
Наводи
Категорија:Лехитски јазици Категорија:Западнословенски јазици Категорија:Јазици во Полска Категорија:Јазици во Германија Категорија:Јазици во Чешка