Сенајски јазик — јазик кој спаѓа во групата на семитски јазици и во подгрупата на источни арамејски јазици. Овој јазик претставува еден вид современ арамејски јазик и е многу сличен на сирискиот јазик. Тој го претставува јазикот на асирците кои живеат во областа Сенандај во иранскиот Курдистан. Во моментот, повеќе од говорниците на овој јазик живеат во Калифорнија, САД како и во престолнината на Иран, Техеран. Во голем степен, тие се членови на католичката црква. Самиот град Сенандај се наоѓа во југоисточната периферија во областа во која се зборува на современи арамејски јазици. Според неговата географска положба, тој се разликува од многу дијалекти од арамејските јазици.
Категорија:Семитски јазици Категорија:Јазици во Иран Категорија:Новоарамејски јазици