мини|200п|десно|Дизајн на корицата No friends no family е книга од македонската блогерка Бездомна, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогери промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]

Вистинско име на авторот е Александра Јурукоска, родена 1986 година, студент на Филолошки факултет. Авторката нè води низ светот на секојдневието, притоа правејќи зачудувачки пресврти при употреба на сликите и асоцијациите. Ова е книга на поетски текстови.

„Ѝ паднаа евергрините на Бајрон под маса. По сѐ изгледа биле листопадни. Есента веќе помина. Зимата не наближуваше. Ѝ беше мерак што еден човек што го почитуваше се ужаснуваше од зборот „беше“. Никогаш не дозна зошто.“ No friends no family, Скопје:2008; ISBN 978-608-4502-04-3

Наводи

No friends no family - блог од кој се вклучени постовите во книгата

Надворешни врски

Првиот блог на Бездомна - Првиот блог на Бездомна Уште еден блог на Бездомна - Уште еден блог на Бездомна

Категорија:Издание Блог-записи