Зборувај со неа () е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар снимен во 2002 година. Филмот доби Оскар за најдобро сценарио и Златен глобус за најдобар странски филм.

Темите во филмот се потешкотии при комуникација со спротивниот пол, осаменост и интимност, тајни и неверства, и истрајноста на љубовта и покрај загубата.

Синопсис Патиштата на Бенигно (буквален шпански превод – нештетен) и Марко за првпат се вкрстуваат на еден танц, а потоа тие ќе се запознаат во приватната клиника во која Бенигно работи. Тој работи како болничар чие задолжение е да се грижи за Алисија, прекрасна танчерка која е во кома, и која станала негова опсесија. Марко, новинар, доаѓа во клиниката да ја посети девојка си Лидија, познат матадор, која е исто така во кома по сериозна повреда од бик. Приказната на овие четири ликови и нивните врски се откриваат преку флешбекови. Марко ја остава Лидија откако нејзиниот претходен љубовник му кажува дека се вратиле заедно еден месец пред несреќата.

Марко ја напушта Шпанија и оди во Јордан да напише туристички водич, но таму во весник ќе прочита дека Лидија починала.

Во меѓувреме, Бенигно е обвинет дека ја силувал Алисија, која откриваат дека е бремена. Не се открива дали Бенигно навистина ја силувал, но тоа е очигледно. Бенигно е затворен во затвор во Сеговија, каде ќе испие голема доза на апчиња за и тој да падне во кома и со тоа да ѝ се придружи на Алисија. Но, апчињата го убиваат Бенигно. Алисија се буди од комата по раѓањето. Бебето е мртвородено, а Алисија оди на рехабилитација за повторно да може нормално да оди. Филмот завршува на една театарска претстава, каде Марко и Алисија се среќаваат.

Улоги Хавиер Камара – Бенигно Мартин Дарио Грандинети – Марко Сулоага Леонор Ватлинг - Алисија Росарио Флорес - Лидија Гонсалес Мариола Фуентес - Роса Хералдин Чаплин – Катерина Билова Пина Бауш – Танчерка во „Кафе Милер“ Малу Аираидо – Балерина во „Кафе Милер“ Каетано Велосо – пејач на забавата Роберто Алварез - Доктор Елена Анаја - Анхела Лола Дуењас - Матилде Адолфо Фернандес – Нињо де Валенсија Ана Фернандес - Сестра на Лидија Чу Лампреав – Портир

Надворешни врски

Club Cultura Website for the film - Hable con ella (In Spanish - English and French options available) Review by Ed Howard at Only The Cinema Review and discussion at kamera.co.uk Interview with Pedro Almodóvar about Talk to Her

Категорија:Филмови од 2002 година Категорија:Шпански филмови Категорија:Филмови на Педро Алмодовар