left|upright|thumb|Астролошки симбол на Месечината thumb|upright=1.5|Натален хороскоп
Месечината е ноќна планета бенефик која ги претставува нашите емоции и потребата од сигурност. Таа го објаснува нашето рано опкружување а особено патот по кој жените го доживуваат своето искуство како мајки. Месечината во астролошка смисла ја прикажува нашата спосбност да ја почувствуваме околината, способноста да дадеме и примиме чувства. Таа се однесува на инстинктите, на несвесниот дел од нашата личност како и на вообичаеното однесување преку кое се рефлектира низ тој мистериозен дел од нас самите. Месечината укажува како инстинктивно реагираме во личната заштита и заштитата на другите. Најважно, Месечината го опишува она кое го сокриваме од сите - нашата душа - нашите најдлабоки чувства - бескрајно простување себеси и на другите. Месечината е симбол на плодност и не случајно менструалниот циклус е под нејзина заштита. Во мунданата астрологија Месечината го претставува народот.
Во наталната карта Месечината е природен владетел на 4-то поле.
Принцип: женски Квалитет: променлив Домицил (седиште) во Рак. Егзил (изгон) во Јарец. Егзалтација (возвишеност) во Бик. Пад во Скорпија.
Во наталната карта, покрај Сонцето, Месечината има најголемо значење за личноста. Таа управува со нашите ноќни активности, сонот, интуицијата и таинственоста. Владее со нашата потсвест а со нејзиното движење низ Зодијакот и промената на мените, влијае и врз нашата емотивна состојба и однесување.
Месечината може да биде омилена како и Венера но сепак е помалку среќна од неа бидејќи е претерано зависна, на ист начин како што доенчето е зависно од мајката. Полето во наталната карта каде што се наоѓала Месечината во мигот на нашето раѓање укажува на областа од нашиот живот во која се препуштаме без резерви, ја опишува нашата мајка и баба, а кај мажите Месечината дава опис на жената која ги привлекува. Исто така, полето во кое се наоѓа Месечината укажува на областа во која сме најранливи но и најинтуитивни, но секако дека самата положба во наталната карта не е доволна комплетно да ја опише личноста или неекој настан во астролошка смисла, туку треба да се земат превид и сите аспекти кои Месечината ги прави со другите планети во мигот на раѓањето.
Симболика на Месечината на психолошко ниво Месечината во астролошка смисла на психолошко ниво го означува следново: креативност, спонтаност, заштитнички став, душа, емоции, инстинкти, лишност, навики, претпазливост, осетливост, сентименталност, романтичност, интуиција, подложност на впечатоци.
Конструктивни одлики на Месечината Месечината во астролошка смисла ги има следните конструктивни (позитивни) одлики: прилагодливост, друштвеност, љубезност, скромност, креативност, совесност, внимателност, љубов кон семејството, добра меморија.
Деструктивни одлики на Месечината Месечината во астролошка смисла ги има следните деструктивни (негативни) одлики: нестабилност, апатичност, површност, фантазирање, лесномисленост, неодлучност, ситничарење, повредливост, страв, слаба волја, подложност на влијанија.
Симболика на Месечината на објективно ниво Животни Месечината ги претставува слените животни: славејче, рак, крава, кокошка, риба, јастог, овца, патка, видра, полжав.
Растенија Месечината ги претставува слените растенија: краставица, салата, тиква, лубеница, детелина, карфиол, зелка, печурка, грав, морков.
Органи Месечината ги претставува следните органи кај човекот: желудник, стомак, гради, малиот мозок, левата страна од телото, лимфен систем, мочен меур, полови органи кај жената, лев јајник, лев тестис, панкреас, жолчна кеса, штитна жлезда.
Бои Месечината ги претставува следните бои: светлосина, сива, бела, сребрена, зелена, бела, лимон жолта, виолетова.
Ден во седмицата Месечината го претставува следнот ден: понеделник.
Минерали и метали Месечината ги претставува следните минерали и метали: сребро и алуминиум, меки и лесни материи.
Скапоцени камења Месечината ги претставува следните скапоцени камења: бисери, селенит, опал, смарагд, аквамарин, стакло.
Познати личности Месечина во Овен Овие личности имаат неуморен карактер, голема смелост и стремеж кон себеостварување без оглед на ризиците. Родени водачи, склони понекогаш кон сканадалозност и бекство од рутината. Најчесто реагираат инстинктивно и веднаш го донесуваат својот суд. Мошне се импулсивни и нивниот ентузијазам може лесно да се стартува исто како и нивниот бес. Силни чувства владеат со нивната животна енергија и се чувствува недостаток од самоконтрола. Претерано работат и тоа делува на нивните чувства. Можат да имаат проблем со очите и со мигрената. Премногу бараат и сите околу нив мора да се трудат за да им удоволат. Во детството тоа го правела мајката а сега тие тоа го очекуваат од другите. Бил Гејтс, роден на 28 октомври 1955 Салвадор Дали, роден на 11 мај 1904 Лучано Павароти, роден на 12 октомври 1935 Анџелина Џоли, родена на 4 јуни 1975
Месечина во Бик Карл Маркс, роден на 5 мај 1818 Карл Густав Јунг, роден на 26 јули 1875 Деми Мур, родена на 11 ноември 1962 Роналд Реган, роден на 6 февруари 1911
Месечина во Близнаци Кајли Миног, родена на 28 мај 1968 Карл Бенц, роден на 25 ноември 1844
Месечина во Рак Шарл Бодлер, роден на 9 април 1821 Џакомо Пучини, роден на 22 декември 1858 Харисон Форд, роден на 13 јули 1942 Гвен Стефани, родена на 3 октомври 1969
Месечина во Лав Шарлиз Терон, родена на 7 август 1975 Џулија Робертс, родена на 28 октомври 1967 Парис Хилтон, родена на 17 февруари 1981
Месечина во Девица Натали Портман, родена на 9 јуни 1981 Шон Конери, роден на 25 август 1930 Кејт Ричардс, роден на 18 декември 1943 Александар Грејам Бел, роден на 3 март 1847
Месечина во Вага Јохан Себастијан Бах, роден на 21 март 1685 Џорџ Буш, роден на 6 јули 1946 Артур Рембо,роден на 20 октомври 1854
Месечина во Скорпија Вилијам Шекспир, роден на 26 април 1564 Џенифер Лопес, родена на 24 јули 1969 Вупи Голдберг, родена на 13 ноември 1955 Роби Вилијамс, роден на 13 февруари 1974
Месечина во Стрелец Никол Кидман, родена на 20 јуни 1967 Фреди Меркјури, роден на 5 септември 1946 Жак Ширак, роден на 29 ноември 1932 Алберт Ајнштајн, роден на 14 март 1879
Месечина во Јарец Аиртон Сена, роден на 21 март 1960 Ернест Хемингвеј, роден на 21 јули 1899 Моника Белучи, родена на 30 септември 1968 Федерико Фелини, роден на 20 јануари 1920
Месечина во Водолија Ума Турман, родена на 29 април 1970 Сандра Булок, родена на 26 јули 1964 Волтер, роден на 21 ноември 1694
Месечина во Риби Франсоаз Саган, родена на 21 јуни 1935 Мајкл Џексон, роден на 29 август 1958 Френк Синатра, роден на 12 декември 1915 Морис Равел, роден на 7 март 1875 Исак Њутон, роден на 25 декември 1642
Надворешни врски Астролошко мрежно место (англиски/француски) Најголема светска астробаза на податоци (англиски) Мрежно место за бесплатна изработка на интерактивни натални карти (англиски/турски) Месечен хороскоп (англиски) Училница по астрологија (англиски) Астрологија за почетници (форум) (српски)
Категорија:Хороскоп Категорија:Астрологија