Кирил Петрушев (Богданци, 1895 – , ) ― прв министер за внатрешни работи на Македонија, подоцна маргинализиран од политичкиот живот поради поддршката на Резолуцијата на Информбирото.
Животопис Рани години По Првата светска војна, тој се преселил во Бугарија, но во 1923 година, по Септемвриското востание, се вратил во Југославија. Активно се вклучувал во синдикалното движење.
За време на НОБ мини|upright=1.3|Членови на ГШ на НОВ и ПОМ, на ЦК на КПМ, на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и други борци, на слободната територија Козјак, Кумановско, мај-јуни 1944. Кирил Петрушев седи прв одлево надесно.|лево По бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна е прогонуван и апсен. Се вклучува во НОВ. Станува член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и е дел од трочлената македонска делегација што во мај 1944 година заминува за островот Вис за да се сретне со Јосип Броз Тито. По враќањето во Македонија учествува на Првото заседание на АСНОМ на кое е избран во Президиумот. На 6 август е назначен за повереник за внатрешни работи, а на 14 август Президиумот на АСНОМ го избира за член на Комисијата за утврдување на престапите на окупаторите и нивните слуги.Решение за именување на Државна комисија при Президиумот на АСНОМ за утврдување на престапите на окупаторите и нивните слуги Во 1944 година Петрушев станува и член на Комунистичката партија на Македонија.
По војната мини|Првата македонска влада При изборот на првата влада на Македонија на Третото заседание на АСНОМ на 16 април 1945 година, Петрушев е избран за министер за внатрешни работи. На таа функција останува неполна година, до 11 февруари 1946 година, кога е преместен за министер за градежништво.Службен весник на Народна Република Македонија 4/1946, 1 стр. Набрзо, при изборот на новата влада на 18 април 1946 година е избран за министер за трудСлужбен весник на Народна Република Македонија 12/1946, 100 стр. и на таа функција останува до 26 октомври 1948 година, кога е разрешен.Службен весник на Народна Република Македонија 33/1948, 1 стр. Поради поддршка за Резолуцијата на Информбирото, Петрушев е исклучен од КПМ, ослободен од сите функции и пензиониран.
Наводи
Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Репресирани поради Резолуцијата на Информбирото Категорија:Политичари од Богданци Категорија:Починати во Скопје Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ Категорија:Македонски комунисти Категорија:Југословенски комунисти