Италија (), официјално Италијанска Република (Search the agreements database Council of the European Union (retrieved 13 October 2013).Italy: The World Factbook Central Intelligence Agency (retrieved 13 October 2013).) — држава во Европа која географски е сместена на Апенинскиот Полуостров разграничена со Италијанските Алпи, опкружена со неколку острови. Се наоѓа во средината на Средоземното Море поради кое во голема мера има умерена сезонска и средоземна клима. Земјата опфаќа површина од 301.340 км2 и има отворени копнени граници со Франција, Словенија, Австрија, Швајцарија и енклавските држави Ватикан и Сан Марино. Италија има територијална ексклава во Швајцарија (Кампионе) и морска ексклава во Туниското Море (Лампедуза и Линоза). Со околу 58 милиони жители, Италија е четвртата најнаселена земја членка на Европската Унија.
Поради својата централна географска местоположба во Јужна Европа и Средоземјето, Италија историски е дом на огромен број народи и култури. Освен различните древни народи расфрлани низ денешна Италија, најмногу доминантно се индоевропските народи кои на полуостровот му го дале името, почнувајќи од класичната ера, Феникијците и Картагинците основале колонии главно во островска Италија. Грците основале населби во таканаречената Магна Грација во јужна Италија, додека Етрурците и Келтите живееле во централна и северна Италија, соодветно. Италијанското племе познато како Латини го формирале Римското Кралство во 8 век п.н.е., кое на крајот станало република. Римската Република првично ги освоила и ги асимилирала своите соседи на полуостровот, на крајот ги проширила и освоила делови од Европа, Северна Африка и Азија. До 1 век п.н.е., Римското Царство се појавило како доминантна сила во средоземниот слив и станало водечки културен, политички и религиозен центар на западната цивилизација, започнувајќи го Pax Romana, период од повеќе од 200 години, во кој италијанскиот закон, технологијата, економија, уметност и литература биле развиени. Италија останала татковина на Римјаните, чие наследство може да се забележи и во глобалната дистрибуција на културата, владите, христијанството и латиницата.
Во текот на раниот среден век, Италија претрпела општествено-политички колапс и варварски инвазии, но до 11 век многубројни сопернички градови-држави и поморски републики, главно во северниот и централниот регион на Италија, доживеале голем просперитет преку трговијата и банкарството, поставувајќи ја основата за модерниот капитализам. Овие главно независни држави служеле како главни трговски центри во Европа со Азија и Блискиот Исток, често уживајќи во поголем степен на демократија од поголемите феудални монархии кои се консолидирале низ цела Европа. Сепак, дел од централна Италија била под контрола на теократската Папска Држава, додека јужната Италија останла во голема мера феудална до XIX век, делумно како резултат на византиското, арапското, норманското, арагонското освојување на регионот. Ренесансата започнала во Италија и се проширила на остатокот од Европа, со што повторно се зголемил интересот за хуманизмот, науката, истражувањето и уметноста. Италијанската култура процветала и произвела познати научници, уметници. Во текот на средниот век, италијанските истражувачи откриле нови правци на Далечниот Исток и Новиот Свет, помагајќи ги Големите географски откритија. Сепак, комерцијалната и политичката моќ на Италија значително исчезнала со отворањето трговски патишта што го заобиколувале Средоземјето. Понатаму, вековите на меѓусебната борба меѓу италијанските градски држави, како што се Италијанските војни од 15 и 16 век, го оставиле регионот фрагментиран и подоцна бил освоен и понатаму поделен од европските сили, како што се Франција, Шпанија и Австрија.
До средината на XIX век, зголемувањето на италијанскиот национализам и повикот за независност од странската контрола довело до период на револуционерни политички немири. По векови на странска доминација и политичка поделба, Италија била речиси целосно обединета во 1861 година, со што Кралството Италија станало голема сила. Од крајот на XIX век до почетокот на XX век, Италија брзо била индустријализирана, имено на север, и стекнала колонијално царство, додека југот останал во голема мера сиромашен и исклучен од индустријализацијата. И покрај тоа што била една од главните победници во Првата светска војна, Италија влегла во период на економска криза и социјални превирања, што довело до појава на фашистичка диктатура во 1922 година. Учеството во Втората светска војна на страната на Сили на Оската завршило со воен пораз, економско уништување и италијанската граѓанска војна. По ослободувањето на Италија и зголемувањето на отпорот, земјата ја укинала монархијата, формирала демократска република и доживеала економски бум, станувајќи високо развиена земја.
Денес, Италија се смета за една од најпознатите културни и економски напредни земји во светотCountry and Lending Groups. World Bank. Retrieved 1 August 2016., со нејзино осмо економско рангирање по големина во светот и трето во Еврозоната по номинален БДП. Италија има шесто најголемо светско национално богатство, трета по големина златна резерва на Цнтралната банка и многу висок животен век. Земјата има истакната улога во регионалните и глобалните економски, воени, културни и дипломатски работи. Таа е и регионална силаGabriele Abbondanza, Italy as a Regional Power: the African Context from National Unification to the Present Day (Rome: Aracne, 2016)"Operation Alba may be considered one of the most important instances in which Italy has acted as a regional power, taking the lead in executing a technically and politically coherent and determined strategy." See Federiga Bindi, Italy and the European Union (Washington, D.C.: Brookings Institution Press, 2011), p. 171. и голема сила ("The United States is the sole world's superpower. France, Italy, Germany and the United Kingdom are great powers") ("The great powers are super-sovereign states: an exclusive club of the most powerful states economically, militarily, politically and strategically. These states include veto-wielding members of the United Nations Security Council (United States, United Kingdom, France, China, and Russia), as well as economic powerhouses such as Germany, Italy and Japan."), и е рангирана како осма најмоќна воена сила во светот. Италија е основач и водечка членка на Европската Унија и член на бројни меѓународни институции, вклучувајќи ги ООН, НАТО, ОЕЦД, ОБСЕ, СТО, Г-7, Г-20, Средоземна Унија, Советот на Европа, Шенген зоната и многу други. Земјата во голема мера влијаела и придонесе за различни области, особено уметноста, музиката, литературата, филозофијата, науката и технологијата, модата, киното, кујната, спортот, како и судството, банкарството и бизнисот. Како одраз на нејзиното културно богатство, Италија е дом на најголем број објекти вклучени во списокот на светско културно наследство, и е петта најпосетена земја.
Историја Праисторија и антички период
Територијата на денешна Италија била населена пред околу 850.000 години во времето на долниот палеолитNational Geographic Italia – Erano padani i primi abitanti d’Italia . Илјадници артефакти од времето на палеолитот биле пронајдени во Монте Поџоло, што ги прави најстарите докази за живеалиште на праисторискиот човек на полуостровот. Во праисторијата, Апенинскиот Полуостров и неговата површина била поинаква за разлика од денес. Така на пример островот Елба и Сицилија биле поврзани со копното, Венеција била плодна рамнина со влажна клима. Ископувањата низ цела Италија откриле присуство на неандерталците што датираат од периодот на палеолитот пред околу 200.000 годиниKluwer Academic/Plenum Publishers 2001, ch. 2. ., додека современите луѓе се појавиле пред 40.000 години во Балзи Роки42.7–41.5 ka (1σ CI). Katerina Douka et al., A new chronostratigraphic framework for the Upper Palaeolithic of Riparo Mochi (Italy), Journal of Human Evolution 62(2), 19 December 2011, 286–299, .. Археолошки наоѓалишта од овој период ја вклучуваат пештера Адаура, Алтамура, Цепрано и Гравина вин Пулија.
Древните народи од пред-римската Италија - како што се Умбрите, Латините (од кои се појавиле Римјаните), Волските, Осканите, Самнитите, Сабините, Келтите, Лигурите, Венетите и многу други - биле индоевропски народи, повеќето од нив конкретно на италијанската група. Главните историски народи на евентуалното не-индоевропско или пред-индоевропско наследство ги вклучуваат Етрурците од централна и северна Италија, Елимите и Сиканите во Сицилија и праисториските Сардинци, од каде произлегла Нугариската цивилизација. Други древни популации се од неодредени јазични семејства и од не-индоевропско потекло, меѓу кои и: Ретите и Камуните, познати по нивните Цртежи по долината на Валкамоника, најголемите збирки на праисториски петроглифи во светот. Добро сочувана природна мумија позната како Отзи, стара 5.000 години, била откриена во ледник во Јужен Тирол во 1991 година.
Првите странски колонизатори биле Фенекијците, кои првично основале колонии на брегот на Сицилија и Сардинија. Некои од нив наскоро станале мали урбани центри и биле развиени паралелно со грчките колонии. Помеѓу главните центри имало градови на Мотија, Зиз (денешено Палермо), Солунт на Сицилија и Нора, Сулчи и Тарос во Сардинија.
Помеѓу 17 и 11 век п.н.е. Микенските Грци воспоставиле контакти со ИталијаThe Mycenaeans and Italy: the archaeological and archaeometric ceramic evidence, University of Glasgow, Department of ArchaeologyEmilio Peruzzi, Mycenaeans in early Latium, (Incunabula Graeca 75), Edizioni dell'Ateneo & Bizzarri, Roma, 1980Gert Jan van Wijngaarden, Use and Appreciation of Mycenaean Pottery in the Levant, Cyprus and Italy (1600–1200 B.C.): The Significance of Context, Amsterdam Archaeological Studies, Amsterdam University Press, 2001Bryan Feuer, Mycenaean civilization: an annotated bibliography through 2002, McFarland & Company; Rev Sub edition (2 March 2004), а во 8 и 7 век п.н.е. формирале неколку грчки колонии ширум брегот на Сицилија и јужниот дел од Италијанскиот Полуостров, кој станал познат како Магна Грација. Грчката колонизација придонела за контакт со италијанските народи и нивните демократските владини форми и со издигнати уметнички и културни изрази. Географите единствено не се слагале околу тоа дали Сицилија спаѓала во составот на Голема Грција или не. Страбон сметал дека истата била во нејзиниот состав. Со колонизирањето на овие простори, Старите Грци ја пренеле нивната култура на овие простори, создавајќи независни полиси. Набргу на овие простори била развиена грчката култура од која подоцна произлегле латинската и италиската цивилизација. Најзначаен придонес од тоа време е создавањето на ново писмо. Грчката алфабета од страна на Етрурците била трансформирана во латиница. На ови простори живееле и работеле научници како Архимед, Питагора и Емпедокле.
Стар Рим
мини|десно|Колосеумот во Рим. мини|десно|Римско Царство. Рим, населба која се наоѓала околу една тврдина на реката Тибар во централна Италија, традиционално основан во 753 п.н.е., бил управуван во период од 244 години од страна на монархиски систем, првично со латинско и сабинско потекло, подоцна од страна на етрурски кралеви. Според античката традиција, во почетокот со Рим владееле седум кралеви чија власт не била наследна, туку секој од нив бил избиран во Сенатот и куријатското собрание. Пишаната историја од тоа време не може да се смета за веродостојна. Тие биле: Ромул, Нума Помпилиј, Тул Хостилиј, Анк Марциј, Тарквиниј Приск, Сервиј Тул и Тарквиниј Гордиот. Податоци за овој период во историјата на Рим се добиваат од несигурни антички легенди, кои во погoлем дел ги пренесува римскиот историограф Тит Ливиј (I век н.е.), како и од современите археолошки истражувања. Во 509 п.н.е., Римјаните го протерале последниот крал од нивниот град, фаворизирајќи влада на Сенатот и народот (СППР) и формирајќи олигархиска република.