Димитар Мираковски (роден на во Струмица) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Мираковски бил тренер на екипата на Работнички од Скопје во два наврати, во Првата македонска кошаркарска лига. Тој е висок 177 см и играл на позицијата разигрувач.
Клупска кариера Мираковски својата почетна кариера ја започнал во домашното првенство на Македонија, поминувајќи низ повеќе клубови. Својата интернационална кариера ја започнал во косовското првенство, а има настапувано и во бугарското првенство во кошарка, како и во грчкото. За сезоната 2010/11, Мираковски потпишал за Работнички по третпат во кариерата Таа сезона, Димитар го освоил Купот на Македонија 2011, а на крајот бил вицепрвак во Првенството. Во февруари 2014 година, Мираковски го напуштил Кожув. Мираковски за сезоната 2015/16, продолжил да настапува во Работнички.Мираковски ќе го предводи „подмладениот Работнички“ ekipa.mk 29 јули 2015 Димитар и за сезоната 2017/18 продолжил да игра во Работнички. Мираковски со Работнички станал вицепрвак во Купот 2018. За време на првиот натпревар во финалето во Првенството, Мираковски се здобил со повреда на задната ложа на левата нога и со тоа го пропуштил остатокот на финалето 2018. Но Мираковски сепак станал освојувач на Лигата, за првпат, бидејќи Работнички победил во финалето. Со Работнички, Мираковски го освоил Купот 2019, додека во Првенството 2018/19 бил вицепрвак. Во летото 2019 година, Мираковски се пензионирал како активен кошаркар и станал главен тренер на екипата на Работнички.
Репрезентативна кариера Мираковски бил дел од Македонската кошаркарска репрезентација, која учествувала на Евробаскет 2009 и Евробаскет 2011 година.
Успеси
Титули Работнички Прва македонска лига (1) : 2017/18 Куп на Македонија (3) : 2011, 2015, 2019 Суперкуп на Македонија (1) : 2011
Признанија Бек на сезоната 2007/08 Домашен играч на сезоната 2007/08 Прва најдобра петорка на сезоната 2007/08 Најдобра домашна петорка на сезоната 2007/08 Домашен играч на сезоната 2010/11 Прва најдобра петорка на сезоната 2010/11 Најдобра домашна петорка на сезоната 2010/11 Најкорисен играч во Суперкупот на Македонија - издание 2011 Најкорисен играч во Суперкупот на Македонија - издание 2015Работнички со сила за една четвртина, МЗТ го освои Хуавеј Супер купот ekipa.mk 27 септември 2015МЗТ Аеродром го освои првиот трофеј во Хуавеј Супер Купот sport365.mk 27 септември 2015Награда во вистински раце: Мираковски го загуби финалето, но го доби признанието за МВП на турнирот! sportmedia.mk 27 септември 2015 Втора најдобра петорка на сезоната 2015/16 Особен придонес во сезоната 2016/17 Најдобар стрелец во Купот на Македонија - издание 2018 Почесно споменување во сезоната 2018/19
Приватен живот Во октомври 2015 година, Димитар се оженил со Маја Котева во родната Струмица.Се ожени кошаркарот Димитар Мираковски strumicanet.com 3 октомври 2015Капитенот на Работнички „рипна во тавче“: Се ожени Димитар Мираковски sport365.mk 5 октомври 2015
Наводи
Надворешни врски Профил на Димитар Мираковски на eurobasket.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари со потекло од Струмица Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК Вардар Категорија:Кошаркари на КК Кожув