Бледско Езеро (; ) — ледничко езеро во Јулиските Алпи во регионот Горењска во северозападна Словенија, каде што е сместено гратчето Блед. Езерото се наоѓа во склоп на истоимената Општина Блед. Езерото е 35 км од Меѓународниот аеродром Љубљана и 55 км од главниот град Љубљана. Бледското Езеро е 4,2 км од Железничката станица „Лесце-Блед“.
Географија и историја Езерото е од мешано глацијално и тектонско потекло. Долг е 2,120 м и широко 1,380 м, со максимална длабочина од 29,5 м , и има мал остров. Езерото лежи во живописно опкружување, опкружено со планини и шуми.
Бледското Езеро било важно култно средиште за време на Бронзеното време. Златни украсни предмети кои датираат од 13-12 век п.н.е. биле пронајдени во наоѓалиште покрај брегот на езерото. Се смета дека врежаните украси на предметите ја претставуваат сончевата и месечевата година. Слични предмети биле откриени во Швајцарија, Баварија и Унгарија, главно во населби утврдени во бронзеното време и во гробовите на богатите жени.
Средновековниот Бледски замокот наоѓа над езерото на северниот брег и има музеј.Lake Bled Castle (https://safarinomad.com/lake-bled-castle/ ) Долината Зака лежи на западниот крај на езерото.
Светското првенство во веслање било одржано на Бледското Езеро во 1966, 1979, 1989 и 2011.
Со векови, Европејците се собираат на брегот на езерото за да уживаат во рекреација, но и во медицински придобивки. Императорот Хајнрих II, владетел на Средновековната Германска Империја, толку многу уживал во езерото што го изградил Бледскиот замок во 1004 година за да го превори како престојувачки имот. Денес замокот е популарна знаменитост.
Бледски Остров лево|мини|Изгрејсонце над Бледско Езеро. Црквата на Бледскиот Остров има 52 м кула.
Езерото го опкружува Бледскиот Остров (). Островот има неколку градби, а главната е црквата за аџилак посветена на Успение на Богородица (), изградена во сегашниот облик кон крајот на 17 век, и украсени со остатоци од готска фреска од околу 1470 година во презвитериумот и богата барокна опремнина.
Црквата има 52 м кула и има барокно скалило кое датира од 1655 година со 99 камени скали кои водат до градбата. Црквата е често посетена и таму редовно се одржуваат свадби. Традиционално се смета за среќа за младоженецот да ја носи својата невеста по скалите на денот на нивната венчавка пред да заѕвони и да направи желба внатре во црквата.
Традиционалниот превоз до Бледскиот Остров е дрвен чамец познат како плетна. Зборот плетна е позајмица од баварскиот збор Plätten (плотен; во превод: „чамец со рамно дно“). Некои извори тврдат дека плетната била користена во езерото уште во 1150 година, но повеќето историчари ги датираат првите чамци во 1590 година. Сличен облик на италијанските гондоли, плетната собира 20 патници. Современите чамци сè уште се изработувани рачно и се препознаваат по разнобојните тенди. Веслачот на плетна ја користи техниката штерудер“ за придвижување и навигација со чамци низ езерото користејќи две весла. Улогата на веслачот датира од 1740 година, кога Марија Терезија им доделила на 22 месни семејства ексклузивни права да ги превезуваат верските аџии преку Бледското Езеро за да се поклонуваат на Бледскиот Остров. The profession is still restricted. Many modern oarsmen descend directly from the original 22 families.
Галерија
Поврзано Туризам во Словенија
Наводи
Надворешни врски
Островот на Bled.si Мрежно место на Бледскиот Остров Lake Bled Tourism
Категорија:Езера во Горењска Категорија:Веслачки зданија Категорија:Езера на Јулиските Алпи Езеро Категорија:Савски слив Категорија:Блатии во Словенија