Езерото Албано (италијански: Lago Albano или Lago di Castel Gandolfo; ) — малечко вулканско кратерско езеро на планината Албан во италијанскиот регион Лацио на 15 милји југоисточно од Рим. На езерото се наоѓа градчето Кастел Гандолфо, каде папата има вила.
Во времето на Римското Царство езерото било познато како Albanus Lacus.
Езерото е најдлабоко во регионот Лацио (170 м). Долго е околу 3,5 км, додека широко е 2,3 км, создадено од два вулкански кратера.
На езерските води во 1960 се одржувале првенствата во веслање на 17-те Летни олимписки игри кои се одржувале во Рим.
Галерија
Наводи
Категорија:Кратерски езера Категорија:Езера во Италија