Алексеј Николаевич Романов е роден на 30 јули 1904 година во Петерхоф, Русија. Тој е најмладото дете на рускиот цар Николај II и неговата сопруга царицата Александра Фјордовна. Бидејќи бил единственото машко дете, ја носел титулата Царев Алексеј () и Велики кнез (Великий Князь). Заедно со родителите и сестрите, убиен е ноќта на 17 јули 1918 година од страна на Болшевистите (Советска Комунистичка Партија), што во денешна Русија се смета за најголемо злосторство над руската историја и традиција, па денес заедно со сите Романови е прогласен за светец од страна на Руската православна црква.

thumb|right|Алексеј Николаевич Романов Кога Алексеј имал шест недели, лекарите му дијагностицирале хемофилија. Тоа е болест која ја пренесуваат мајките на синовите (мајката е носител, синот ја наследува и боледува од неа). Кога бил мал, Алексеј имал две дадилки кои внимавале да не се повреди во текот на играњето бидејќи бил склон на крвавење. Таа ноќ кога се убиени, 14 годишниот Алексеј бил толку болен што не можел да оди, па неговиот татко, царот Николај го носел на раце во сигурна смртKing and Wilson, pp. 309–310.

Наводи

Надворешни врски Tsarevich Alexei

Категорија:Руски цареви Категорија:Руска аристократија Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Христијански светци од 20 век Категорија:Родени во 1904 година Категорија:Починати во 1918 година