Зоран Дамјановски (5 јуни 1956, Куманово) — македонски политичар од редовите на СДСМ и градоначалник на Општина Куманово во периодот од 2005 до 2017 година.

Основно образование и гимназија завршил во Куманово, а Медицински факултет, во Скопје во 1981 година. Магистрирал гинекологија во Загреб и Љубљана во 1987 година. Специјализирал гинекологија и акушерство во Скопје во 1991 година. Градоначалник на Општина Куманово станал на локалните избори во април 2005 како кандидат на коалицијата „За Македонија заедно“. Дамјановски е сопруг и татко на три деца.Зоран Дамјановски–Биографија Општина Куманово

Наводи

Категорија:Политичари од Куманово Категорија:Градоначалници на Општина Куманово Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Апсолвенти на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Загрепскиот универзитет Категорија:Магистри на Љубљанскиот универзитет