Мејанкиели (meänkieli = „наш јазик“) е јазик (или збир од дијалекти) во групата на угрофинските јазици што се зборува во Шведска. Има доста сличности со дијалектите на финскиот јазик но денес не се смета за таков и е признат како малцински јазик во Шведска. Јазикот често се нарекува и како торне-долински јазик.

Мејанкиели се одделил од финскиот јазик во XIX и XX век. Содржи доста заемки од други јазици, најчесто од шведскиот.

Категорија:Балтофински јазици Категорија:Фински јазик Категорија:Јазици во Шведска Категорија:Јазици во Финска