КК Ангели ― кошаркарски клуб од Скопје, Македонија. Клубот се натпреварува во Првата кошаркарска лига. Своите домашни натпревари ги игра во Спортската сала Независна Македонија. Клубот бил формиран во 2006 година.
Историја За сезоната 2015/16, клубот Вардар Апаве кој бил учесник во Втората лига, му го отстапил своето место на Ангели.Билтен бр.1 Сезона 2015/2016 - Сениорски лиги basketball.org.mk 7 септември 2015 Во сезоната 2018/19, Ангели се натреварувал во Втората лига - Запад, во која завршил на првото место и обезбедил пласман во разигрувањето. Ангели стигнал до полуфиналето и таму бил елиминиран. Но, по покана на Кошаркарската федерација на Македонија, клубот Ангели во август бил поканет како пополнувањето во Првата лига 2019/20. Ангели веднаш ја прифатил поканата во Првата лига. Но во понатамошните претсезонски промени, од страна на македонската федерација, било одлучено Ангели да не добие прволигашка виза. Сезоната 2020/21, со влегувањето во финалето на Втората лига, Ангели обезбедил пласман во Првата лига 2021/22.
Кошаркарска школа Школата брои преку 250 члена и активно се натпреварува во системот на натпревари организирани од Кошаркарската федерација на Македонија и тоа во следните наведени лиги:
јуниори, кадети, пионери и пионерки
Младински титули Податотека:Med 2.png-2008 Пионерки Податотека:Med 3.png-2008 Пионерки Податотека:Med 3.png-2009
Поврзано Втора македонска кошаркарска лига Македонска кошаркарска федерација Спорт во Скопје Кошарка во Македонија
Наводи
Категорија:Втора македонска кошаркарска лига А А Категорија:Драчево Категорија:Појавено во 2006 година во Македонија