Организацијата за храна и земјоделство на ООН (англ. Food and Agriculture Organization of the United Nations) или скратено ФАО е основана во 1945 година како организација на Обединетите Нации за борба против гладот. Целта на ФАО е да биде извор на информации и знаење за производството на храна и за исхраната. ФАО им помага на посиромашните земји да го модернизираат земјоделството, шумарството и рибарството и да обезбедат здрава исхрана за сите.

ФАО има осум оддели: Земјоделство и заштита на потрошувачите Економски и социјален развој Рибарство и водостопанство Шумарство Човечки, финансиски и физички ресурси Знаење и комуникации Управување со природни ресурси и Заштита на околината и техничка соработка.

Литература Игор Јанев, UN and the international financial and economic organizations, publ. Institute of Political Studies, Belgrade, 2004.

Надворешни врски Портал на ФАО Страница за Македонија на порталот на ФАО

Исхрана и земјоделство на ООН Категорија:Глобални организации Категорија:Меѓународни организации Категорија:Специјализирани организации на ООН