мини|Мајоран во саксија Мајоранот или Origanum majorana е многугодишно растение и полугрмушка со вкус на сладок бор и цитрус. Се нарекува и сладок мајоран, јазлест мајоран и Majorana hortensis.
Името мајоран (старофранцуски majorane, средновековен латински majorana) не води директно потекло од латинскиот збор maior (главен).Marjoram, Online Etymology Dictionary, Douglas Harper, November 2001
Мајоранот се одгледува поради своите ароматични листови, свежи или суви, за кулинарски потреби; врвовите од растението се сечат кога растението цвета и се сушат полека на сенка. Често се користи во комбинација со зачините Herbes de Provence и Za'atar.
Одгледување Мајоранот се одгледува поради ароматичните листови, кои се користат при готвење, свежи или суви. Листовите се сечат кога растението почнува да цвета, и се сушат во сенка. Во кулинарството често се користи во комбинација со други ароматични тревки при подготовка на супи, чорби, сосови, или за чај, а се користи и за подготовка на есенцијално масло. Содржи многу хемиски компоненти, меѓу кои борнеол, камфор и пинен. Може да се одгледува во градина или во саксија.
Како зачин најчесто се користи при подготовка на јагнешко месо, јадења од сирење, а се додава и при подготовка на домашните колбаси.Зачин, мајоран
Етерично масло од мајоран Етеричното масло од мајоран се користи како аналгетик, анафродизијак, антиепилептик, антиоксиданс, антиспазмотик, антисептик, диуретик, седатив, и друго. Маслото може да се употреби преку инхалација, бањање, масажа, или да се стави директно на отоци. Се користи за намалување на болка, подобрување на варењето, има антихипертензивно дејство, и го зајакнува нервниот систем и друго.Етерични масла Како хомеопатски лек се користи против женски болести.
Во големо количество може да предизвика наркотична состојба со појава на халуцинации.
Сродни видови
Обично оригано - се нарекува и див мајоран. Има посилен вкус. Origanum onites - критско оригано. Има слична употреба како и мајоранот. Француски мајоран - хибрид на мајоранот со обичното оригано, поотпорно на ладно, но помалку слатко. Origanum pulchellum.
Наводи
Надворешни врски
Origanum majorana Список на хемикалии (Dr. Duke's Databases) Origanum majorana (Plants For A Future database)
Категорија:Усноцветни Категорија:Лековити растенија Категорија:Зачини Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Билки