Нетпрес е приватна независна новинска агенција, формирана во јануари 2007 година. Нетпрес го користи интернет како медиум и на својата страница бесплатно објавува вести. Целта на Нетпрес е да објавува информации точно и брзо за случувањата во Македонија, за што има сопствен новинарски тим и мрежа од дописници.

Вестите од светот Нетпрес ги реемитува и за тоа има склучено договори со неколку новински агенции и телевизиски куќи. Вестите на мрежното место на Нетпрес се објавуваат на македонски јазик и кирилично писмо.

Категорија:Македонски новински агенции