„Владетелот“ () — политичка расправа од фирентскиот политичар и политички теоретичар Николо Макијавели. Била напишана во 1513 година, а првобитно била насловена „За кнежевствата“ (De Principatibus). Книгата не била издадена сè до 1532, пет години по смртта на Макијавели. Оваа расправа е најпрочуеното дело на Макијавели, одговорно за создавање на поимот „макијавелистички“, кој се употребува во негативна смисла. Некои критичари сметаат дека делото е всушност сатира,<ref>Mattingly G, The Prince: Political Science or Political Satire?', Major Problems in the History of the Italian Renaissance, (D.C. Heath and Co.: Lexington: 1995), стр. 179-186.</ref> но ова тврдење е спорно.

Преглед Откако во 1512 година, семејството Медичи повторно се вратило во Фиренца, Макијавели бил сменет од сите должности, а во февруари 1513 година бил осомничен за учество во заверата против семејството Медичи. Оттука, тој бил затворен и мачен, но најпосле успеал да докаже дека е невин. По тие настани, тој живеел повлечен и скромен живот на својот селски имот во близината на Фиренца и токму таму настанало делото „Владетелот“.Nikolo Makijalveli, Vladalac, 5. izdanje. Beograd: Akia Mali princ, 2018, стр. 115-116. Имено, во писмото до Франческо Ветори од 10 декември 1513 година, Макијавели ја опишува работата на делото на следниов начин:Nikolo Makijalveli, Vladalac, 5. izdanje. Beograd: Akia Mali princ, 2018, стр. 8.

Првобитно, делото имало работен наслов на латински јазик (De Principatibus), како што било вообичаено во тоа време, а исто така, и сите глави во делото имале наслови на латински.Nikolo Makijalveli, Vladalac, 5. izdanje. Beograd: Akia Mali princ, 2018, стр. 116. Притоа, првобитната намера на Макијавели била делото да му го посвети на Џулијано (1479-1516), најмладиот син на Лоренцо Величествениот, а причината за тоа била сиромаштијата во која западнал Макијавели во тоа време. Сепак, подоцна, во 1517 година, Макијавели ја променил одлуката и делото му го посветил на Лоренцо Медичи, синот на Пјеро Медичи. Меѓутоа, Лоренцо не ги оправдал надежите на Макијавели, ниту пак се покажал дарежлив кон него.Nikolo Makijalveli, Vladalac, 5. izdanje. Beograd: Akia Mali princ, 2018, стр. 9, 11-12 и 116-117.

Ставовите на Макијавели искажани во „Владетелот“ можеби изгледаат есктремни. Меѓутоа, тој го поминал сиот свој живот во Фиренца, во време на постојани политички судири. Затоа Макијавели ја нагласува потребата од стабилност во кнежевството на владетелот, од причина што самиот опстанок е доведен во прашање. Книгата има за главна цел да му укаже на владетелот како да ја одржи власта, додека самото негово управување е од второстепено значење.

Теориите во „Владетелот“ ги опишуваат методите со кои еден амбициозен владетел би можел да дојде на власт, или пак како постоечкиот владетел да ја одржи власта. Според Макијавели, најголемото морално добро е доблесна и стабилна држава, па така постапките кои имаат за цел да ја заштитат и зачуваат државата се оправдани, дури и ако се сурови (славната мисла на Макијавели „Целта ги оправдува средствата“). Меѓутоа Макијавели решително советува дека владетелот не смее да си дозволи да биде омразен. Тој вели:

Во воведот на „Владетелот“ авторот исцртува делотворни методи за управување со неколку вида на кнежевства (на пр. новостекнати наспроти наследени). Макијавели му ги образложува на читателот, под претпоставка дека тој е член на семејството Медичи, најдобрите начини на стекнување, одржување и заштита на државата. Притоа авторот утврдува дека она што е неопходно мора да се постигне, без разлика по кој пат.

Содржина Делото се состои од 26 глави:Nikolo Makijalveli, Vladalac, 5. izdanje. Beograd: Akia Mali princ, 2018. Видови на власт и како се стекнуваат За наследните монархии За мешаните монархии Зошто кралството на Дариј, кое го зазел Александар, по смртта на Александар не станало против неговите наследници Како треба да се управува со градовите или областите кои, пред да бидат освоени, живееле по свои закони За новите владеења кои се стекнуваат со сопствено оружје и со храброст За новите владеења кои се стекнуваат со туѓо оружје и со туѓа среќа За оние кои до власта дошле со злосторства За граѓанската власт Како треба да се мери силата на секоја власт За црковните држави За војската воопшто и за наемниците За помошните, мешаните и сопствените војници Должностите на владетелот кон војската Поради што луѓето, а особено владетелите, ги фалат или ги прекоруваат За издашноста и за штедливоста За свирепоста и за благоста, т.е. дали е подобро владетелот да го сакаат или да се плашат од него Како владетелите треба да го држат зборот Како може да се избегнат презирот и омразата Дали тврдините и останатото што постојано го подигнуваат владетелите се корисни или не се Што му е потребно на еден владетел за да биде почитуван За министрите на владетелот Како треба да се избегнуваат ласкавците Поради што ги изгубиле своите држави италијанските владетели Колку може судбината во човечките дела и како треба да ѝ се спротивстави Повик за Италија да се разбуди и да се ослободи од туѓинците

Резиме Вовед мини|десно|300px|Карта на Италија во 1494 г. „Владетелот“ го проучува стекнувањето на власта, нејзиното зацврстување и употребата на власта. Притоа, Макијавели не го предвидел делото како академска расправа по политичка теорија, туку за да покаже дека е голем државник, давајќи совети за тоа како да се дојде на власт и како да се задржи власта. Во тој поглед, Макијавели го оправдувал владеењето со сила наместо со закони. Оттука, „Владетелот“ оправдува низа постапки извршени со единствена цел за зацврстување на власта. Ова е класична студија за власта — нејзиното стекнување, проширување и нејзината делотворна употреба. Макијавели, исто така, изјавува дека во делото нема да расправа за републиките, велејќи: „За републиките тука нема да расправам; за нив по други места веќе имам зборувано опширно. Тука ќе ги анализирам само кнежевствата, и, според горенаведениот преглед, ќе разгледувам како таквите држави треба да се управуваат и одржуваат.“

Видови држави Во почетните 11 глави, Макијавели пишува за одликите на одделни видови држави. Тој ги дели сите држави на две групи: монархии и републики при што првите ги дели на наследни (ако господарите владеат долго време) и на нови, кои се или сосема нови или кои се придодадени на некоја постоечка држава. Во секој случај, овие видови држави или се навикнати да живеат под еден владетел или навикнале да бидат слободни. Притоа, тие се стекнуваат со сопствено или со туѓо оружје, или со среќа или со храброст. Тој смета дека наследните монархии се одржуваат полесно, зашто во нив е доволно само да не се прекршат древните правила; оттука, дури и владетелот со просечни способности лесно ќе се одржи на власт, освен ако не се соочи со некоја голема сила. Наспроти нив, новите монархии се нестабилно, зашто луѓето лесно можат да се свртат против владетелот, надевајќи се дека со неговата смена ќе дојдат до подобар живот; истовремено, новите владетели често ги угнетуваат поданиците, им наметнуваат давачки и слично, па така предизвикуваат незадоволство. Особено е тешко да се задржат новоосвоените територии кои се различни според обичаите, јазикот и уредувањето; за нивно задржување, најдобро е освојувачот да се насели во нив или да основа една-две населби кои би служеле како клучни точки во освоените земји, а кои се поевтино решение отколку во таа земја да се чува голема војска; покрај тоа, освојувачот треба да ги придобие послабите моќници кои се незадоволни од претходната власт. Како поткрепа на своите ставови, Макијавели ги наведува примерите на римските освојувања, како и француското освојување на Италија под водство на кралот Луј XII. Исто така, тој го посочува случајот на државата на Александар Македонски: по неговата смрт, Персијците не станале против наследниците на Александар. Во продолжение, Макијавели прави споредба меѓу Отоманското Царство и Франција: првото е тешко да се освои, но може лесно да се задржи, додека Франција може лесно да се освои, но тешко да се задржи. Макијавели наведува три начини за одржување на власта во новоосвоените градови и области: да се уништат, освојувачите да се населат во нив, и да се остават да живеат според нивните закони, со наметнување на определен данок и со воспоставување вазалска власт. Ако тие области претходно имале наследни монарси, тогаш со уништувањето на владејачката лоза, тие можат лесно да се покорат. Меѓутоа, тоа не важи за републиките, зашто тие не ја забораваат својата поранешна слобода, па поради тоа, тие треба или да се уништат или освојувачите да се населат во нив.Nikolo Makijalveli, Vladalac, 5. izdanje. Beograd: Akia Mali princ, 2018, стр. 12-28.

Иако некој обичен човек може да стане владетел и благодарение на среќата, Макијавели смета дека тој начин не е сигурен, па советува владетелите повеќе да се потпираат врз вештината и во тој поглед наведува повеќе примери од историјата: Мојсеј, Тезеј, Ромул, итн. Притоа, превртливата природа на луѓето, новите владетели треба да применат и сила за да ја обезбедат лојалноста на поданиците. Од друга страна, оние кои доаѓаат на власт со помош на среќата, тешко можат да ја задржат власта, зашто се соочуваат со бројни тешкотии. За да ги поткрепи овие тврдења, Макијавели прави споредба на судбините на Франческо Сфорца и Чезаре Борџија. Во продолжение, Макијавели наведува уште еден начин за да се стане владетел — со примена на злосторства наведувајќи ги примерите на Агатокле и на Оливерото од Фермо. Меѓутоа, тој советува почетните насилства, потребни за освојување на власта, треба да бидат краткотрајни и подоцна да се заменат со корисни дела за поданиците. Најпосле, обичниот човек може да дојде на власт и така што ќе биде избран од народот, а тоа се случува во републиките во кои народната власт може да доведе до три состојби: тиранија (на народот или на големците), демократија или распуштеност. Поради различните интереси на големците и на народот, ваквите владетели мора да обезбедат поддршка од народот. Ваквите држави запаѓаат во опасност кога власта се претвора од умерена управа во апсолутистичка. Затоа, мудриот владетел мора да управува така што ќе ја обезбеди верноста на народот. Според Макијавели, секоја држава може да се одржи на два начина: со собирање голема војска која ќе биде способна да му се спротивстави на непријателот или со градење цврсти тврдини, како што е случајот со германските слободни градови. Најпосле, овој дел од расправата Макијавели го завршува со анализа на црковните држави, кои се единствените сигурни, зашто нивните владетели воопшто не мора да стравуваат ниту од надворешните непријатели ниту од сопствените жители и поради тоа со нив се управува многу лесно. Ова тврдење тој го илустрира со прегледот на историјата на Папската Држава.Nikolo Makijalveli, Vladalac, 5. izdanje. Beograd: Akia Mali princ, 2018, стр. 28-54.

Одбрана и војска