Глам-метал (познат и како хер-метал, англиски: hair metal) е под-жанр на хеви метал музиката кој настанал во доцните 70-ти и раните 80-ти години во САД. Глам-металот бил доминантен жанр во рок музиката во 80-тите години и за момент во 90-тите.Auslander, P., Performing Glam Rock: Gender and Theatricality in Popular Music (Ann Arbor, MI: University of Michigan Press, 2006), ISBN 0-7546-4057-4.

Глам-металот исто така е нарекуван и хер метал изведуван од таканаречените хер бендови. Овој поим бил популаризиран од страна на MTV во 90-тите и доаѓа од чудниот изглед на изведувачите кој имале долги виткани коси и носеле тесни и стегнати панталони.Batchelor, R., and Stoddart, S., The 1980s (London: Greenwood Publishing Group, 2007), ISBN 0-313-33000-X.

Особености Песните во глам-металот најчесто се следени со дисторзирани гитарски рифови кој се засноваат на таканаречените моќни акорди. Повеќето од песните содржат виртуозно шред трзачко соло. Звукот е покомерциален и повеќе студиски за разлика од раните стилови на металот. Пејачите најчесто при пеењето вадат чист тон за разлика од другите видови на метал каде што се користи потежок вокален стил.Bogdanov, V., Woodstra, C., and Erlewine, S. T., All Music Guide to Rock: the Definitive Guide to Rock, Pop, and Soul (Milwaukee, WI: Backbeat Books, 3rd edn., 2002), ISBN 0-87930-653-X. thumb|260px|Twisted Sister се типичен пример за глам-метал изглед со долги виткани коси и стегнати панталони и користење на шминка за време на настапите.

Потекло - доцните 70-ти Жанрот има големо влијание од глам рокот од 70-тите и од многуте хеви метал бендови. Според некои тврдења првиот глам-метал бенд од 80-тите бил финскиот бенд Hanoi Rocks. Но во САД многу обожаватели тврдат дека движењето на Сансет стрип започнало од страна на Мотли Кру и претходниот бенд на Ники Сикс - Лондон. Други тврдат дека глам-металот бил започнат со Metal Health - албумот на Quiet Riot кој стигнал дури и на првото место на ранг листите во раните 80-ти.Bukszpan, D., The Encyclopedia of Heavy Metal (London: Barnes & Noble Publishing, 2003), ISBN 0-7607-4218-9.

Наводи

Поврзано Глам рок Хеви метал

Категорија:Хард рок Категорија:Поджанрови на метал