Спиритуализам е религија делумно основана врз основа на пишувањата на шведскиот мистик Емануел Сведенборг (1688-1772). Спаѓа во теизмот, со верба во Бога, но се одликува со верување дека може да се контактира со душите на мртвите, било од страна на поединци или од посебно тренирани медиуми, кои можат да ни дадат информации за „животот после смртта“.
Спиритуализмот е развиен во САД, а максимален број на членови стекнува од 1840 година до 1920 година, посебно во земјите каде се зборува на англиски јазик. Се вели дека до 1897 година, имало повеќе од осум милиони следбеници во Америка и во Европа, од кои повеќето биле припадници на средната и на високата класа.
Оваа религија се распламтела за половина век без никакви канонски текстови, официјални организации, лекции, кампови за обука или мисионерски активности. Интересно е што повеќето од спиритуалистите биле жени, кои ја поддржувале борбата против ропството и правото на глас за жените. Кон крајот на 1880-те години кредибилитетот на ова движење ослабнал, најмногу поради појавата на измамници. Тогаш почнуваат да се појавуваат официјални организации на спиритуалистите.
Верувања Верувањата на спиритуалистите варираат од група до група, но сепак имаат нешто заедничко. Повеќето спиритуалисти веруваат во монотеистички Бог, сличен на оној во христијанството. Спиритуалистите веруваат дека одредени талентирани личности, медиуми, можат да комуницираат со душите на умрените. Веруваат дека душите се способни да напредуваат кон повисоки сфери или нивоа. Животот после смртта не е статично ниво, туку душите таму се развиваат. Ова води кон верувањето дека душите можат да ни понудат знаење за моралот и етиката, како и за самиот Господ и животот после смртта. Затоа повеќето спиритуалисти зборуваат за духовен водич со кого често контактираат заради добивање духовни и секојдневни совети.
thumb|250px|Уличен плакат на кој се гледа дека христијаните го изедначуваат спиритуализмот со вештерство. Споредба со други религии Христијанство Бидејќи спиритуализмот се појавил во христијанските средини, основните одлики ги влече од таму. Го прифаќа христијанскиот морален систем и пеењето на литургиски песни. Сепак, главните разлики меѓу нив се големи. Спиритуалистите не веруваат дека за време на краткиот живот може да се добие за душата влез во рајот или во пеколот. Задгробниот живот го гледаат како хиерархија низ која напредува секоја душа.
Религиите на Индијанците Индијанските верувања во духот на животните, потоа шаманизмот и контактот со духовите се слични со спиритуализмот. Во првите децении од појавата на ова движење, повеќето медиуми тврделе дека контактираат со индијански духовни водичи.
Ислам Во исламот, суфизмот го смета контактирањето со духови за можно.Noor Muhammad Kalachvi 1999: Irfan Потоа, концептот Тавасул признава постоење на добри духови на повисоко ниво, блиску до Бога.
Хиндуизам Хиндуизмот со спиритуализмот го има заедничко верувањето во живот после смртта. Но, хиндуизмот се разликува во тоа што верува во реинкарнација.
Спиритизам Спиритизмот, гранка на спиритуализмот, најмногу е присутен во латинските земји. Ја нагласува реинкарнацијата. Според Артур Конан Дојл, повеќето британски спиритуалисти од почетокот на 20 век биле рамнодушни кон реинкарнацијата, малкумина ја поддржувале, додека значаен дел од нив биле против, посебно затоа што душите со кои се контактирало во сесиите никогаш не ја споменувале реинкарнацијата.
Окултизам Разликата меѓу спиритуалистите и повеќето окултни движења, како на пример редот „Златна зора“, е во тоа што не користеле магиски моќи (со исклучок на лечењето). На пример, Мадам Блаватска во Теозофското друштво спиритуализмот и работа со медиум ги користела само за да добие совети во врска со езотеричните знаења. Сепак Блаватска таквите духови не ги сметала за души на покојници, а за реинкарнацијата имала сосема поинакви верувања од повеќето спиритуалисти.
Почетоци Спиритуализмот за првпат се појавува во 1840-тите години во државата Њујорк, каде што се појавиле и движењата како милеризам, адвентизам на седмиот ден, и мормонизам за време на таканареченото „Второ големо будење“.
Во овој регион во државата Њујорк многумина тврделе дека имаат директен контакт со Бога или со ангели.
Поврзано Спиритизам Телекинеза
Наводи
Литература Alvarado, C. S., M. Biondi, and W. Kramer. 2006. “Historical Notes on Psychic Phenomena in Specialised Journals.” European Journal of Parapsychology 21:58.
Harrison, W.H. 1880. Psychic Facts, a Selection from Various Authors. London: Ballantyne Press.
Podmore, Frank, Mediums of the 19th Century, 2 vols., University Books, 1963. Salter, William H., Zoar; or the Evidence of Psychical Research Concerning Survival, Sidgwick, 1961. Telegrams from the Dead (a PBS television documentary in the "American Experience" series, first aired 19 октомври 1994).
Надворешни врски International Spiritist Council Spiritualist E-Texts The Catholic Encyclopedia: Spiritism Google mirror of the Open Directory Project: Spiritualism Collection of Spiritualist E-Texts John B. Buescher's website on the history of Spiritualism Poet and Egyptologist Gerald Massey on 'Why I Became a Spiritualist' Florence Cook and Katie King. The story of a Spiritualist medium Spiritualist Resources Spiritualism and Electromagnetism at MathPages Spiritualist Seance Photography and Spiritualist Museum Andrew Lang, Fetishism and Spiritualism , The Making of Religion, (Chapter VIII), Longmans, Green, and C°, London, New York and Bombay, 1900, pp. 147–159.
Категорија:Окултизам Категорија:Нови религии Категорија:Спиритуализам