Одбраната Каро-Кан е познато шаховско отворање кое настанува со потезите: 1.e4 c6.
Најчесто играта продолжува со: 2.d4 d5
проследено со 3.Sc3 (Класична варијанта), 3.Sd2 (Класична варијанта), 3.exd5 (Варијанта со размена), или 3.e5 (Варијанта со напредување). Потегот 2.Sc3 е модерна варијанта која има стекнато голема популарност. Одбраната Каро-Кан, како и Сицилијанската одбрана и Француската одбрана, е поделена во групата на „полуотворени отворања“, но се смета дека е посолидна и подинамична од било кое полуотворено отворање. Често води кон добри завршници за црниот, кој има подобра пешачка структура.
Отворањето името го добило по англискиот шахист Хорацио Нелсон и австрискиот шахист Маркус Кан кои го анализирале отворањето во 1886.
Корисна литература
ABC на Каро-Кан, Ендрју Мартин, ChessBase Publications, 2007, Фриц, DVD тренер.
Категорија:Шаховски отворања