мини|Споменик на убиениот водач на револуцијата Монголската демократска револуција се одвивала во 1990 година и започнала со масовни штрајкови за отфрлување на дотогашниот систем и Монголската Народна Република и трансформирање на земјата во демократско општество. Тоа довело до формирање на денешната Монголија и донесен бил нов устав. Револуцијата ја одржале најмногу младите луѓе во земјата со демонстрирање на плоштадот „Сухбатор“ во главниот град Улан Батор. Револуцијата завршила со потпишување на отказ на владата. Меѓу главните организатори на револуцијата биле Санџасуренгин Зориг, Ерденин Бат-Ул, Бат-Ерденин Батбајар и Цахијагин Елбегдорџ.

Категорија:Политика на Монголија Категорија:Историја на Монголија Категорија:Судири во 1990 година Категорија:Монголија во 1990 година