За време на административната поделба на Грција за време на Кралството Грција од 1833–1836, и повторно од 1845 до нивното укинување со законот Каликратис во 2010, префектурите () биле главните административни единици на државата. Тие се сега вон употреба, и се приближно заменети од страна на окрузите на Грција (наречени и регионални единици).

Грција се состои од 13 административни региони познати како Периферии на Грција, кои понатаму биле поделени на натпрефектури и 54 префектури (грчки: νομοί).

Според Уставот на Грција префектурите биле претежно второстепена организација на локалната самоуправа. Сепак тие не биле хиерархиски супериорни во однос на заедниците и општините на Грција. По легислативните реформи од 1994 најголемиот дел од административните должности на префектурите им биле пренесени на перифериите. Сепак, тие сѐ уште имале одредени административни должности кои им се доделени од централната власт (санитарни комитети, служби за просторно планирање) и затоа тие се сметале за административни единици на централната власт.

Првите префектурални избори се одржале во 1994. Пред тоа, префектите биле назначувани од државата.

Организација Последните промени во префектуралните самоуправи биле формирани во 1994Закон 2218/1994 и ги замениле претходните префектури, чиишто совети и префекти биле назначувани од државата.

Префектурите пред укинувањето биле управувани од Префектурален Совет (νομαρχιακό συμβούλιο) составен од 21 до 37 члена,Членови 13 и 14 од „Кодот на Префектурална Самоуправа“ (Претседателски Декрет 30/1996) раководени од Префектот (νομάρχης) и претседавани од Претседател на Советот (πρόεδρος).

Други органи на префектурите биле: Префектуралниот Комитет, кој се состоел од префектот или асистент назначен нему, и 4 до 6 члена, избирани од Префектуралниот Совет.Член 15 од „Кодот на Префектурална Самоуправа“ Провинцискиот Совет и Епархос (под-префект, έπαρχος).

натпрефектурите имаат свои органи (Совет, Комитет и натпрефект).

Префектуралните советници се избирале по пат на јавни избори секои четири години. Три петтини од сите седишта им следувале на победниците на изборите, додека пак две петтини од седиштата им следувале на преостанатите партии врз основа на пропорционален систем. Префектот станувал претседател на победничката опција. Избраната опција била валидно изгласана доколку освоила повеќе од 42% во првиот круг на префектуралните избори. Доколку ниту една опција не го преминела овој праг, тогаш имало втор круг во кој се гласало за двете опции кои добиле најмногу гласови во првиот кругСпоред легислативната реформа од 2006 (Закон 3463/2006). Видете го исто така и Циркуларот 12 на Министерството за Внатрешни Работи во врска со претстојните избори.

Должности Државата првенствено ги надгледува дејствата на локалните власти, вклучувајќи ги и префектурите, но Устав на ГрцијаЧлен 102 од Уставот и Кодот на Префектуралната СамоуправаЧленови 1 и 8 од Кодот на Префектурална Самоуправа сѐ уште им се давало легална контрола на заедниците и општините врз администрацијата на нивните назначени обасти.

Кодот на Префектуралната Самоуправа не вклучува нерестриктивна список на префектурални должности, туку генерално правило, според кое новоформираните префектурални самоуправи ги имаат сите должности на претходните префектури, кои се поврзани со нивното локално управување.Во врска со значењето на локалното управување видете ја Одлуката 888/1997 на Државниот Совет. Сепак, работите поврзани со „(централното) државно раководење“ кои им припаѓале на префектите пред 1994 сега се извршуваат од Претседателите на Перифериите (περιφερειάρχης).Членови 3 и 8 од Кодот на Префектурална Самоуправа Моменталните префектурални самоуправи ги зачувале локалните работи од префектурален степен кои не ѝ припаѓаат на „(централната) државна администрација“.Видете ја Одлуката 3441/1998 на Државниот Совет.

Со посебни закони определени работи на некои министерства биле префрлени на Префектуралните Самоуправи (санитарни комитети, служби за урбанистичко планирање итн.).Видете го Законот 2647/1998 за пример.

Список на префектури <tr valign=top><td>

<li>(видете подолу) <li>Евбеја <li>Евританија <li>Фокис <li>Фтиотија <li>Беотија <li>Халкидик <li>Иматија <li>Кукуш <li>Постол <li>Пиерија <li>Сер <li>Солун <li>Хања <li>Ираклион <li>Ласити <li>Ретимно <li>Драма <li>Марица <li>Кавала <li>Родопи <li>Скеча <li>Арта <li>Јанина <li>Превеза <li>Теспротија

<td> <li>Крф <li>Кефалоња и Итака <li>Лефкада <li>Закинтос <li>Хиос <li>Лезбос <li>Самос <li>Аркадија <li>Арголида <li>Коринтија <li>Лаконија <li>Месинија <li>Киклади <li>Додеканези <li>Кардица <li>Лариса <li>Магнезија <li>Tрикала <li>Ахаја <li>Етолија-Акарнанија <li>Илија <li>Лерин <li>Гребен <li>Костур <li>Кожани a Света Гора <td>

Податотека:GreekPrefecturesNumbered.png

thumb|right|450px|Префектурите на периферијата Атика

Периферијата Атика (означена со број 1 во картата погоре) се состои од следниве префектури:

Атина Источна Атика Пиреј Западна Атика

Список на префектури опколени со копно <tr valign=top><td>

<li>Гребен <li>Евританија <li>Кардица <li>Костур <li>Лерин <li>Трикала

<td> <li>Драма <li>Јанина <li>Кожани <li>Кукуш <li>Постол <td>

Список на префектури кои се состојат само од острови или делови од острови <tr valign=top><td>

<li>Крф <li>Кефалоња и Итака <li>Лефкада <li>Закинтос <li>Хиос <li>Лезбос <li>Самос

<td> <li>Евбеја <li>Киклади <li>Додеканези <li>Хања <li>Ретимно <li>Ираклион <li>Ласити

Список на префектури кои се претежно копнени но исто така вклучуваат острови <tr valign=top><td>

<li>Марица (Самотракија) <li>Кавала (Тасос) <li>Магнезија (Скопелос, Скијатос, Алонисос) <li>Пиреј (Саламис, Егина, Порос, Хидра, Спецес, Китира)

Список на ексклави <tr valign=top><td>

<li>Тризина е ексклава на префектурата Пиреј близу северниот брег на географска Арголида, и се граничи со префектурата Арголида на југ

Список на префектури кои се граничат со странски држави (долж границата на Грција во правец исток-запад)

<tr valign=top><td>

<li>Марица (Турција, Бугарија) <li>Родопи (Бугарија) <li>Скеча (Бугарија) <li>Драма (Бугарија)

<td> <li>Сер (Бугарија, Република Македонија) <li>Кукуш (Република Македонија) <li>Постол (Република Македонија) <li>Лерин (Република Македонија, Албанија)

<td> <li>Костур (Албанија) <li>Јанина (Албанија) <li>Теспротија (Албанија)

Список на префектури чиешто територијално море се допира со море на странска држава <tr valign=top><td>

<li>Крф (Албанија) <li>Теспротија (Албанија)

<td> <li>Марица (Турција) <li>Лезбос (Турција) <li>Хиос (Турција) <li>Самос (Турција) <li>Додеканези (Турција)

Список на префектури кои се географски екстреми <tr valign=top><td>

<li>Најисточна префектура: Додеканези (остров Кастелоризо) <li>Најсеверна префектура: Марица <li>Најзападна префектура: Крф (остров Отони) <li>Најјужна префектура: Хања (остров Гавдос). Исто така, најјужна точка на Европа.

<li>Префектура со најголемо растојание помеѓу две точки на нејзината територија („најголем пречник“): Додеканези (доколку повлечеме линија од Анидрос, остров на северозапад од Патмос, до островот Стронгили, најисточната точка во Грција, само малку на исток од Кастелоризо) <li>Префектура со најмало растојание помеѓу две точки на нејзината територија („најмал пречник“): Лефкас

Список на префектури кои имаат исто име со нивниот главен град <tr valign=top><td>

<li>Скеча <li>Драма <li>Кавала <li>Сер <li>Кукуш <li>Солун <li>Јанина <li>Превеза <li>Арта <li>Крф <li>Лефкада <li>Закинтос <li>Лерин

<td> <li>Гребен <li>Костур <li>Кожани <li>Лариса <li>Трикала <li>Кардица <li>Атина <li>Пиреја <li>Хиос <li>Самос <li>Хања <li>Ретимно <li>Ираклион

Список на префектури чијшто главен град не е нивен најголем град <tr valign=top><td> <li>Халкидик (главен град: Полигирос; најголем град: Неа Мудања) <li>Постол (главен град: Воден; најголем град: Јаница) <li>Беотија (главен град: Ливадја; најголем град: Тива) <li>Етолија-Акарнанија (главен град: Mесолонги; најголем град: Агринио) <li>Западна Атика (главен град: Елефсис; најголем град: Мегара) <li>Источна Атика (главен град: Палини; најголем град: Ахарнес) <li>Арголида (главен град: Нафплио; најголем град: Аргос) <li>Ласити (главен град: Агиос Николаос; најголем град: Иерапетра)

Список на префектури со најмалку населени главни градови <tr valign=top><td>

<li>Халкидик (главен град: Полигирос со население од 6.232 жители) <li>Самос (главен град: Вати со население од 6.275 жители) <li>Евританија (главен град: Крпеница со население од 6.775 жители) <li>Фокис (главен град: Амфиса со население од 6.946 жители) <li>Лефкада (главен град: Лефкада со население од 7.548 жители) <li>Теспротија (главен град: Игуменица со население од 9.104 жители) <li>Кефалоња и Итака (главен град: Аргостоли со население од 9.522 жители) <li>Гребен (главен град: Гребен со население од 10.447 жители) <li>Ласити (главен град: Агиос Николаос со население од 10.906 жители) <li>Закинтос (главен град: Закинтос со население од 11.224 жители)

Список на префектури кои се граничат само со една друга префектура <tr valign=top><td>

<li>Халкидик (се граничи со Солун|Солун; исто така се граничи со Света Гора, која што не е провинција стрикто сенсу) <li>Хања (се граничи со Ретимно) <li>Ласити (се граничи Ираклион) <li>Марица (се граничи со Родопи)

Список на префектури кои се граничат со најмногу (седум) други префектури (префектурите со кои се граничат се наведени во правец спротивен на правецот на стрелките на часовникот)

<td>

<li>Префектура (се граничи со Иматија, Постол, Лерин, Костур, Гребен, Лариса, Пиерија) <li>Лариса (се граничи со Пиерија, Кожани, Гребен, Трикала, Кардица, Фтиотија, Магнезија) <li>Фтиотија (се граничи со Магнезија, Лариса, Кардица, Евританија, Етолија-Акарнанија, Фокис, Беотија)

Список на префектури кои се дел од грчката држава од нејзиното осамостојување <tr valign=top><td>

<li>Атика <li>Беотија <li>Фтиотис <li>Фокис <li>Евританија <li>Евбеја <li>Етолија-Акарнанија <li>Киклади

<td> <li>Кортинтија <li>Арголида <li>Аркадија <li>Лаконија <li>Месинија <li>Ахаја <li>Елис

Поврзано Список на префектури на Грција според површина Список на префектури на Грција според густина на население Список на префектури на Грција според население

Надворешни врски Карта на Грција

Белешки

Категорија:Поранешни административни единици