Пресвета Богородица Влахернска (, ) — црква во Истанбул, Турција.

Малиот православен храм бил изграден во 1867 година, на местото на поранешен храм кој датирал од 5 век, и кој бил разрушен во 1434 година. Овој храм бил еден од најважните светелишта на православиетоThe importance of the Church can be – among others – argued from the fact that along the whole Orthodox world (from Crete to Cherson in Crimea) many churches were put under the same dedication. Janin (1953), p. 169..

Црквата се наоѓа во Истанбул, во областа на Фатих.

Историја

Црквата во Влахерна започнала да се гради во 450 година по наредба на Елија Пулхерија во близина на фонтаната која пуштала света вода. Храмот се наоѓа на шестиот рид на Цариград. По нејзината смрт во 453 година, црквата била довршена од стртана на нејзиниот сопруг МаркијанJanin (1953), p. 169.. Во времето на царот Лав I, во близина на црквата биле изградени две други згради: пареклесија (капелаThe parekklesion претставува капела надвор од црквата или од нартексот.) посветена на Светиот ковчег бидејќи овде се наоѓала светата наметка и облека на Пресвета Богородица која била донесена од Палестина во 473 година, и Света бања.

Важноста на целиот комплекс ги охрабрило следните цареви да изградат царска резиденција во склоп на цркватаMüller-Wiener (1977).. Во текот на првиот квартал на 6 век, Јустин I и Јустинијан I ја обновиле и прошириле црквата.

Во црквата се наоѓала познатата икона на Пресвета Богородица, наречена според црквата, Влахернска икона. Иконата била насликана од дрво и обложена со злато и сребро. Со оваа икона патријархот Сергеј I Цариградски (610-631) во 626 година ги обиколувал градските ѕидини времето кога градот бил ставен под опсада од страна на Аварите и Персијците. Бидејќи царот Ираклиј I се наоѓал во поход кон Месопотамија, неговиот син Константин и патријархот Сергеј ја покажале иконата а по некое време Аварите биле поразени и принудени да се повлечатJanin (1953), p. 170.. Аварскиот хан подоцна рекол дека бил преплашен од визијата на една млада жена украсена со скапоценети камења на ѕидините.

По завршувањето на опсадата, Византијците со радост дознале дека црквата, која се наоѓала надвор од ѕидините не била ограбена од напаѓачите. Кога Ираклиј победоносно влегол во Цариград од својот поход од Месопотамија, со себе го довел Вистинскиот крст од Ерусалим и го ставил во црквата. Во следните години, Ираклиј ги проширил ѕидинитеMüller-Wiener (1977). и Влахерна влегла во внатрешноста на градот. Заштита на Влахернската икона исто така помогнала и во Опсадата на градот од Арапите во 717-718 година, во 860 од страна на Русија и во 926 од страна на БугаритеJanin (1953), p. 171..

На 15 август 944 година, во црквата биле донесени уште две реликви: писмото кое ерменскиот цар Абгар му го напишал на Исус откако се разболел и Мандалион односно платно на кое Исус го отпечатил својот лик и му го вратил на болниот цар, по кое тој бил излекуван. Подоцна, овие реликви биле преместени во црквата на Богородица кај Фарос (Светилник)Janin (1953), p. 172.. Црквата во следниот период станала центар на обожувањето и идолопоклонството на слики односно икони. Поради тоа, храмот имал значајна улога во времето на иконоборството, кога голем дел од мозаиците биле уништени и заменети со природни сцени од дрвја, птици и животни.Janin (1953), p. 175.. Во тој период, според верувањата, иконата била покриена со слој од малтер. Во 843 година, со крајот на иконоборството, празникот на победата на православието бил прославен за првпат во Влахернската црква.

Иконата била откриена за време на реставрацијата на црквата во времето на Роман III Аргир (1028 – 1034)On that occasion Romanos also covered the capitals of the columns with gold and silver foil. Janin (1953), p. 169. и повторно станала една од најпочитуваните икони во Цариград. Црквата била целосно уништена за време на еден пожар од 1070 година, и била повторно изградена во времето на Роман IV (1068–1071).

По латинското освојување на градотJanin (1953), p. 172., црквата била ставена во служба на Светата столица. Јован III Дука, царот на Никеја, ја откупил иконата. На 29 февруари 1434 година, некои аристократски деца, кои биле во лов на гулаби, случајно направиле пожар кој предизвикал целосно уништување на комплексот. Во османлиско време комплексот бил запуштен. Во 1867 година црквата била изградена, но во многу помали димензии.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Byzantium 1200 – The Complex of Blachernae

Истанбул Категорија:Цркви во Истанбул Категорија:Цркви и манастири во Цариград Категорија:Грчки православни цркви Категорија:Цркви од 5 век Категорија:Цркви од 19 век Категорија:Фатих (Истанбул)

de:Blachernen-Palast#Blachernen-Kirche