Мундана астрологија е употребата на астрологијата за предвидување на светските настани (војни, револуции, промена на влади, глад, економски просперитет или кризи, земјотреси), а името доаѓа од латинскиот збор Mundus, со значење „свет“. Мунданата астрологија се смета за најстара гранка на астрологијата. Во среден век мунданата астрологија била позната како студија за револуцијата - со значење: студија за револуцијата на планетите по нивните орбити околу Земјата, бидејќи се сметало дека сè се врти околу Земјата.
Преглед Во книгата на Птоломеј „Тетра Библос“, од 2 век, објаснета е посебноста на сите народи, а со тоа и нивната сродност со одредени зодијачки знаци. Птоломеј вели дека разноликоста на сите земји доаѓа од координатите и аглите кои се создаваат со Сонцето. Птоломеј вели:
Птоломеј натаму ја сместува Европа и земјите кои постоеле тоа време во северозападниот квадрант, кој според него е во релација со знаците Овен, Лав и Стрелец, и вели дека од сите земји, само Британија и Германија имаат сличност со Овенот и неговиот владетел Марс (астрологија): нивните жители се воинствени, диви и храбри. И така натаму.
Зачудувачки е фактот што Британија и Германија до денес се под влијание на транзитите на големите планети низ знакот Овен.
Новооткриените земји, и оние кои се формирани во поново време, исто така имаат свој хороскоп. Датумот и часот на прогласувањето на независноста на Америка, на пример, го одредува хороскопот на САД, а бидејќи знакот Близнаци во тој момент се наоѓал на асцедент (односно подзнак), тие ѝ го даваат карактерот и идентитетот на новата нација.
Еве еден пример: подзнакот на градот Лондон се наоѓа на 17°54` во Близнаци, а тоа го утврдил во 17 век познатиот астролог Вилијам Лили. Тој забележал дека ѕвездата наречена Бета Таурусили Белатрикс се приближува до асцедентот на Лондон, и 15 години порано го предвидел големиот пожар. Кога Белатрикс била на 17°20`, почнало да се чувствува нејзиното влијание. Најпрво во Лондон избила чума, потоа граѓанска војна, а кога Белатрикс дошла на 17°40`, на кралот му е отсечена главата. Кога Белатрикс поминала точно на 17°54`, Лондон изгорел во пожар.Горан Милекиќ, „Мундана астрологија“, 1987, Белград, стр. 26-27.
Поделба на земјите по знаци Еве список на некои од најкарактеристичните поделби на земјите и градовите според зодијачките знаци: Овен - Британија, Германија, Данска, Палестина, Сирија. Градови - Краков, Фиренца, Мрсеј, Неапол, Падова, Верона, Бирмингем. Бик - Мала Азија, Кипар, Кавказ, Персија, Полска, Ирска, Белорусија. Градови - Даблин, Лајпциг, Мантова, Парма, Палермо, Родос. Близнаци - Западна Англија, САД, североисточниот брег на Африка, Ломбардија, Белгија. Градови - Лондон, Версај, Нирнберг, Мелбурн. Рак - Шкотска, Холандија, Нов Зеланд, северна и западна Африка. Градови - Амстердам, Истанбул, Алжир, Берн, Манчестер, Милано, Њујорк, Стокхолм, Венеција. Лав - Франција, Италија, Сицилија. Градови - Рим, Бристол, Дамаск, Прага, Филаделфија. Девица - Турција, Грција, Тесалија, Швајцарија. Градови - Париз, Лион, Ерусалим. Вага - дел од Тибет, Кина, делови на Индија, Јапонија, Австрија. Градови - Франкфурт, Лисабон, Виена. Скорпија - Алжир, Норвешка, Кталонија. Градови - Ливерпул, Франфурт. Стрелец - Шпанија, Унгарија, Далмација. Градови - Авињон, Келн, Толедо, Штутгарт. Јарец - Индија, Авганистан, Албанија, Мексико. Градови - Оксфорд, Брисел, Портсајд. Водолија - Русија, Етиопија. Градови - Бремен, Хамбург. Риби - Португалија, Калабрија, Нормандија, Галисија. Градови - Александрија, Севиља, Тивертон.Горан Милекиќ, „Мундана астрологија“, 1987, Белград, стр. 27-29.
Роденденот на Македонија - 8 септември, ја сместува во знакот Девица.
Толкување на хороскоп на земја За да се изработи хороскоп на некоја земја, треба да го знаеме точниот датум и часот на прогласување независност или создавање на државата. Годишен хороскоп за земјата се работи на влегувањето на Сонцето на 0° Овен. Со тоа започнува новата мундана година. Се анализира поставеноста на планетите, знаците кои влегуваат во одредени полиња, и секако - аспектите меѓу планетите. Важни показатели на настани се неподвижните ѕвезди, но само доколку прават аспект во рамките на еден степен.
Планетите Значењето на планетите во мунданата астрологија: Сонце - го претставува владетелот (кралот или претседателот на државата), и сите авторитетни луѓе во таа држава. Месечина - го симболизира народот, обичните луѓе, но и жените воопшто. Меркур - го претставува интелектуалниот свет, весниците, медиумите, литературата, трговијата, амбасадите и сите луѓе кои се занимаваат со овие професии. Венера - ги претставува уметниците, сликарите, музичарите, глумците, децата, љубовта, наталитетот и бракот воопшто. Марс - војни, пожари, војска, морнарица, полиција, војници, хирурзи, односно сите професии кои користат со оружје или остри метални предмети. Јупитер - религијата, филозофијата, правото и правосудството, банките, богатите луѓе, почитуваните луѓе, трговијата со странство, и претставниците на тие професии. Сатурн - рудници, земјоделство, фармерите, но и сиромашните и работниците кои работат тешки физички работи. Уран - комунизам, братство, но и револуции, штрајкови и анахија. Владее со модерната технологија, со сообраќајот, авионите, електрониката и научните откритија. Нептун - христијанство, мистика, но и дрога, алкохол, хаос, лаги, кражби, интриги, тајни здружеија, пороци и слично. Плутон - е симбол на смртта и фатални масовни настани, несреќи, масакри, масовни самоубиства, масовно лудило. Исто така ги претставува терористите, атентаторите, како и малите стабилни структури кои ја напаѓаат власта.
Астролошките куќи Како и во наталната карта која се изработува за луѓето, така и во хороскопот на земјата постојат 12 хороскопски куќи или полиња. Нивното значење е: Прво поле - народот, општа состојба во земјата. Второ поле - националната финансиска состојба. Трето поле - сообраќајот во земјата, транспортот и сите видови комуникации. Четврто поле - интересите на земјата, но и опозицијата на владата. Петто поле - школите, децата, образованието, театрите, концертните и спортските сали, сите места кои служат за забава. Шесто поле - здравјето и физичката кондиција пред сè на работниците и војската. Седмо поле - проблеми и односи со странските земји, судири и војни. Осмо поле - степенот на смртност воопшто. Деветто поле - судовите, свештенството, религијата, надворешната трговија, науката и филозофијата. Десетто поле - го претставува владетелот на земјата (крал, претседател), владата или кралското семејство, националната репутација на државата. Единаесетто поле - парламентот, војската, пријателите на народот и донесувањето на законите. Дванаесетто поле - затвори, логори, болници, тајни организации, криминал, шпијони, тајни служби.
Користена литература Горан Милекиќ, „Мундана астрологија“, 1987, Белград.
Николас Кампион, „Книга за хороскопот на светот“, Аквариан Прес, Лондон, 1988.
Наводи
Категорија:Астрологија
en:History of astrology#Mundane astrology