Камчатска кафеава мечка () — подвид на кафевата мечка, кој живее на полуостровот Камчатка, Карагински Остров, и северно преку округот Корјак. Може да се сретне и на западниот брег на Охотското Море, на островите Шантар и на северните Курилски Острови.

Одлики

Овие мечки се физички доста слични на кодијакот од Алјаска, иако се со потемно крзно и малку помали. Иако доминираат единки со темно крзно сепак бојата може да варира од кафеаво-црна до темножолта. Канџите се темнокафени со жолти краеви и достигнуваат должина од 100 милиметри. Исправени, овие мечки достигнуваат должина од 2,75 метри, опашката им е долга од 16,5 до 21 сантиметар. Камчатската кафеава мечка е еден од најголемите подвидови на кафеaвата мечка, и достигнува тежина од 3/4 од тон. Најголемите единки живеат на Камчатка и на островите Шантар. Како и мечките од Алјаска и овие мечки растат огромни поради нивната исхрана која е богата со белковини, и која се состои од ловење на лососKamchatka Brown Bear at kamchatkapeninsula.com во крајбрежните реки, и поради благата клима поради која имаат многу краток период на хибернација.

Наводи

Надворешни врски Група мечки убила 2 руски рудари CNN, 23 јули 2008 Преплашените руски рудари не можат да работат откако мечки изедоа двајца нивни колеги

Категорија:Мечки Категорија:Камчатка Категорија:Курилски Острови Категорија:Фауна на Русија