1210-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1210 година и завршила на 31 декември 1219 година.

Настани

1210

мај - Втор парламент на Ревеника се одржува во Ревеника во Централна Грција, што резултира со конкордат помеѓу кнезовите на Франкократија и римокатоличкото свештенство. 18 јули - Битка кај Гестилрен: Поранешниот крал Сверкер II Шведски е поразен и убиен од страна на владеачкиот крал Ерик Х Шведски. 18 ноември - Отон IV е екскомунициран од Папа Инокентиј III, поради неговата инвазија на јужна Италија, спротивно на Вормскиот конкордат. 21 ноември - Кралот Ерик Х е крунисан, што е првото познато крунисување на шведски крал. Кратко потоа, се оженил со данската принцеза Рихеза Данска, со цел да ја зајакне својата врска со данскиот крал Валдемар II Дански. Кралот Јован Безземниот подига £ 100,000 од црковниот имот како извонредна фискална такса. Операцијата е опишана како „непроценлива и неспоредливо изненадувачка“ од современи извори. Ливонска крстоносна војна - Битката кај Умера: Естонските сили го поразуваат Ливонското братство на мечот. Цитаделата на Акрокоринт во Грција се предала на Крстоносците, по петгодишна опсада.

1211

21 април - Катедрала Сантјаго де Компостела (започната во XI век) е осветена, во присуство на кралот Алфонсо IX Леонски. 14 септември - Редот на Светиот крст е основан во Лиеж. 15 октомври - Битка кај Риндак: Латинскиот цар Хенрик Фландриски го поразува никејскиот цар Теодор I Ласкарис. Ливонска крстоносна војна: Битки на Вилјанди и Тураида - Крстоносците не успеваат да ја освојат тврдината Вилјанди, но имаат успех во јужна Естонија. Монголските сили под Џингис Кан навлегуваат во територијата на Џурчените. Византиско-селџучки војни: Битка кај Антиохија на Меандер во Анадолија - Силите на Никејското Царство под Теодор I Ласкарис ги поразуваат оние на Селџуците, чиј водач, Кајхусрав I, е убиен на бојното поле. Црквата во францускиот град Рејмс е опожарена. Наскоро потоа, започнува изградбата на Ремска катедрала.

1212

10 јули - Голем пожар во Лондон; над 3.000 луѓе умираат. 16 јули - Битка кај Навас де Толоса: Христијанските кралства на Шпанија решително ги поразуваат Алмохадите, а победата го турнува Кралство Кастиља во тешка финансиска состојба, бидејќи бројни војници треба да бидат платени за походот. Била организирана Детска крстоносна војна, која веројатно бил измислен настан. Се смета дека дошло до собирање на деца од Франција и Германија, но ниту едно од децата не стигнало до Светата земја, бидејќи оние кои не умреле од глад на патувањето, биле продадени како робови. декември - Фридрих II е крунисан за крал на Германија, со поддршка на Папа Инокентиј III. Започнувајќи од 1212, па до 1250 година, Фридрих II создал модерна, професионално административна држава во Сицилија. Изграден е Замокот Бран од страна на Тевтонскиот ред.

1213

15 мај - Кралот Јован Безземниот се приближува кон Папа Инокентиј III, кој пак ја укинува забраната од 1208. 30 мај - Битка кај Даме: Англиската флота под Вилијам ја уништува француската флота од белгиското пристаниште. 12 септември - Битка кај Муре: Тулушките и арагонските сили на Ремон VI Тулушки и Петар II Арагонски се поразени од Симон де Монфорт во текот на Катарската крстоносна војна. Папа Инокентиј III издава була, повикувајќи на Петта крстоносна војна. Мухали го ја освојува Префектурата Ми и наредува голем масакр. Изградбата на Замок Килкени е завршена.

1214

15 февруари - Јован Безземниот, врши инвазија на градот Ла Рошел во Франција. 27 јули - Битка кај Бувен: Филип II ја поразува војската на Светото Римско Царство, англиски и фламански војници предводени од Отон IV, завршувајќи ја Англо-француската војна (1202-14). Лето - Кралот Алфонсо VIII Кастилски ги опколува војниците на Алмохадите во Баеза. Гладот на полуостровот е таков што ниту армијата не може да се бори. 18 септември - Договорот од Чинон е потпишан од Јован Безземниот и Филип II, признавајќи ги придобивките на Династија Капета од Анжујското царство. 5 октомври - По смртта на нивниот татко, кралот Алфонсо VIII Кастилски и нивната мајка, Елеанора Кастилска (31 октомври), Беренгела Кастилска станува регент на нејзиниот млад брат, крал Енрике I Кастилски. 1 ноември - Пристанишниот град Синоп на Црно Море му се предава на Селџуците. 4 декември - Умира Вилијам I Лав, крал на Шкотска. Тој е наследен од неговиот син, Александар II Основан е германскиот град Билефелд. Во своите походи во Лаодонг, монголскиот војсководец Мухали командува со новоформираната киданско - кинеска армија и специјален корпус од 12.000 кинески помошни трупи.

1215

Поради губење на своите позиции на Блискиот Исток, бил одржан Четвртиот латерански собир, на кој било решено да се започне нов крстоносен поход. Во јуни кралот Јован под притисок на бунтовничките барони бил принуден да ја потпише Големата повелба за правата (латински: Magna Carta Libertatum). Со неа се ограничела моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија. 24 август - Папата Инокентиј III ја прогласил Големата повелба за неважечка.

1216

Јануари - Прва баронска војна: Англиската армија го вратила Берик на Твид и извршила напади во јужна Шкотска. 10 април - По смртта на Ерик Х Шведски, тој е наследен од неговиот соперник Јован I Шведски, како крал на Шведска. 22 април - Битката кај Липица: Мстислав Храбриот и Константин Ростовски ги победуваат своите соперници за владеењето на Владимир-Суздал. 21 мај - Првата баронска војна: Принцот Луј, идниот крал Луј VIII, ја напаѓа Англија за поддршка на бароните, пристигнувајќи во Танет. Влегувајќи во Лондон без отпор, тој е прогласен, но не и крунисан, за крал на Англија во катедралата Свети Павле. 24 јули - Француските Крстоносци од замокот змокот Борке му се предаваат на Ремон VII Тулушки 24 јули - Папа Хонориј III го наследува Папа Инокентиј III, како 177-тиот папа. 18 октомври или 19 октомври - Умира Јован Безземниот. Тој е наследен од неговиот деветгодишен син Хенри III, со Вилијам Маршал, како регент. Младиот Хенри III е крунисан во Глостер на 28 октомври. 12 ноември - Вилијам Маршал и папскиот легат во Англија издаваат Повелба за слободи, врз основа на Големата повелба, во името на новиот крал на Англија. Со неа се ограничила моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија 22 декември - Папа Хонориј III официјално го одобрува Доминиканскиот ред. Димитар Хоматијан бил византиски свештеник и избран за архиепископ на Охридската архиепископија, сè до 1234 година. Дрезден добива градски права.

1217

9 април - Петар II Куртене е крунисан за цар на Латинското Царство во Рим, од страна на Папа Хонориј III. 20 мај - Прва баронска војна во Англија: Француските сили се поразени во Битката кај Линколн, од страна на англиските кралски војници предводени од Вилијам Маршал. 6 јуни - Кралот Енрике I Кастилски умира на возраст од 13 години, од паѓањето на една ќерамида во Паленсија, настан кој неговиот регент се обидува да го скрие. Сестрата на Енрике, Беренгела I Кастилска го наследува на престолот. Јуни - Хокон Хоконсон станува цар на Норвешка како Хокон IV Норвешки, и во голема мера завршува Граѓанската војна во Норвешка. 24 август - Прва баронска војна: Во Битката кај Сандвич во Ламанш, англиските сили ги поразуваат француските, а францускиот платеник Јустас е фатен и обезглавен. 31 август - Фернандо III Кастилски станува Крал на Кастиља, по абдикација на неговата мајка Беренгела I Кастилска. 12 септември - Првата баронска војна во Англија е завршена со договорот од Ламбрет. Французите и Шкотите треба да ја напуштат Англија, а амнестијата им се дава на бунтовниците. 20 септември - Потпишан е Договорот од Ламбет, кој го ратификува Договорот од Кингстон. 21 септември - Ливонска крстоносна војна: Ливонските браќа на мечот и нивните сојузници ги поразуваат естонските сили. 18 октомври - Петта крстоносна војна, Реконквиста: кралот Алфонсо II Португалски го освојува градот. Ноември - Во Кралство Кастиља, поранешниот регент Алваро Нуниес де Лара бил заробен и принуден да се откаже од сите негови замоци. Стефан Првовенчани е признаен за првиот Крал на српските земји од страна на Папа Хонириј III, а крунисан од братот на Стефан, Сава. Издаден декрет во Англија според кој само Англичани можат да бидат свештеници на Ирска.

1218

март - Договорот од Вустер го признава Ливелин Велики како регент на Јужен Велс. 24 мај - Крстоносците го напуштаат Ако кон Египет. 24 мај - Магнус III станува крал на Шведска. 30 мај - Дамиета е ставена под опсада во текот на Петтата крстоносна војна од страна на крстоносците. јули - Шпанија: Со цел да се олесни движењето на Реконквиста, Папа Хонориј III ја менува претходната одлука на Папа Инокентиј III и го објавува Фернандо III Кастилски за легитимен наследник на Леон. 31 август - ел-Камил станува нов египетски султан, по смртта на неговиот татко ел-Адил. 1 октомври - Папа Хонориј III ги ослободил тевтонските рицари од судската власт на месните епископи. Кара Китан е уништен од Џингис Кан. Монголците, започнуваат втор поход против киргискиот народ. Џингис Кан му ветува на харезмскиот шах на Персија дека го прифаќа неговото владеење и воспоставува трговски односи. Целосно е разрушен градот Суза од страна на Монголците. Пјер де Монтеги станал Голем мајстор на витешкиот ред Темплари, сè до 1232. Првото официјално спомнување на градот Фелдкирх. Првото официјално спомнување на градот Панје. Кнежевско Старешинство Кемптен добива право на кнез. Иван Асен II станува цар на Бугарија.

1219

15 јуни - Ливонска крстоносна војна: Данските крстоносци, предводени од кралот Валдемар II Дански, го освојуваат Талин по Битката кај Линданисе. Нивното упориште во Талин ќе им помогне на Данците да ја освојат целата северна Естонија. 5 ноември - Градот Дамиета во Египет е освоен од страна на крстоносците по опсадата. Свети Франциск Асиски го воведува католицизмот во Египет, за време на Петтиот крстоносен поход. Казахстан е вклучен во составот на Златната орда. Ташкент бил целосно уништен од страна на Монголците. Дваесет и четири литвански војводата и благородници потпишале мировен договор со Галиција-Волинија, поради заедничка кауза против напаѓањето на христијанските крстоносци Источнофризиските Oстрови се поплавени. Првото официјално спомнување на градот Шенберг. Првото официјално спомнување на градот Радеберг. Првото официјално спомнување на градот Акен (Елба). Првото официјално спомнување на градот Вијана. Сава Немањиќ ја осамостоил српската црква на ранг на архиепископија.

Наводи

Категорија:13 век